Контакт

Македонија

По 150.000 денари итна помош за секој настрадан во пожарот во Кочани

Објавено пред

За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст.  Одлуката на прес-конференција ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР)  Ивица Томовски.

dobivaj vesti na viber

Преку СОЗР и останатите надлежни институции, рече тој, се организира и целата неопходна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства.

Владата го плаќа престојот на најблиски на пациентите што се лекуваат во странство, за што право имаат по две лица од семејството за секој повреден.

Како и претходно министерот Тимчо Муцунски, Томовски рече дека лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, а патот, сместувањето и други трошоци за семејствата ги покрива на нашата Влада.

-Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија, рече Томовски.

На прашањето кога и како семејствата ќе почнат да ја добиваат помошта од донации од сметката на Црвениот крст, на која досега се собрани 51 милион денари, Томовски одговори дека кон исплата ќе се пристапи од понеделник. Како што рече, се прават законски подготовки со оглед дека трансакциските сметки подлежат на заштита на лични податоци.

-Во моментов се собираат тие трансакциски сметки од лицата кои се во странство и нивните согласности, преку логистика на МНРНТ односно амбасадите и конзуларните претставништа, и од понеделник  Црвениот крст ќе пристапи кон исплата на средствата, додаде директорот на СОЗР.

Македонија

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Објавено пред

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени  кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Меѓу казнетите е и компанијата Дурмо турс во чиј автобус на 13 февруари 2019 загинаа 14 лица. Но и покрај тешката сообраќајка со многу жртви, оваа компанија пак работи без соодветната документација.

dobivaj vesti na viber

Министерство за транспорт –Државен инспекторат за транспорт денеска информира дека инспекциските надзори биле спроведени  согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување.

Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни: Дурмо турс од Гостивар, Дени интернационал од Илинден, Свис мак алигега од Гостивар, Зем промет – компани од Сарај, Словин Билјана од Охрид, Бис од Охрид, Пештер ДОО од Чаир,  Димитриоски од Гази Баба, Хисари-ГД од Дебар, Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар.

Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Министерство за транспорт – Државен инспекторат за транспорт информира дека согласно донесениот Акциски план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, од утре инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.

Прикажи повеќе...

Македонија

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Објавено пред

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Објавено пред

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата.

dobivaj vesti na viber

Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра).

Повеќе од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 924 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 790 евра, во Црна Гора 1.004, во Хрватска 1.392 и во Словенија 1.569 евра месечно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен...

Македонија44 минути

За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16...

Македонија2 часа

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

„Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна...

Регион3 часа

Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од...

Македонија3 часа

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по...

Македонија5 часа

Бројот на критични пациенти од пожарот во Кочани се намалува, но им претстои долга борба на опоравување

Неколку дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се намалува бројот на критичните пациенти кои се лекуваат во...

Македонија16 часа

Се откриваат скандали во градежништвото, од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три...

Македонија16 часа

За трагедијата во „Пулс“ тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Определена е мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше...

Македонија21 час

Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,...

Македонија22 часа

Таравари: Шест пациенти од пожарот во Кочани се во многу критична состојба

Во земјава моментално се лекуваат 54 пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако во текот на вчерашниот ден...

Македонија22 часа

12 осомничени за трагичниот настан во Кочани се во притвор во затворот во Куманово

Двајца поранешни градоначалници на Кочани се наоѓаат во казнено-поправната установа Затвор Куманово, информираа денеска надлежните од затворот. Во моментот, во...

Македонија23 часа

Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата...

Македонија1 ден

Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена...

Топ1 ден

Во денови на жалост ечела музика во угостителски објекти во Центар, приведени се двајца

Полицијата лишила од слобода  две одговорни лица во угостителски објекти на подрачјето на Центар затоа што пуштале музика и не...

Македонија1 ден

За еден месец во земјава гореле 484 пожари, најмногу се од палење стрништа

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор. Сите...

Свет1 ден

(Видео) Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред. Тие бараат ослободување на градоначалникот на...

Свет1 ден

(Фото) Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од...

Македонија1 ден

За трагедијата во Кочани со 59 жртви осомничени се 34 лица

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител...

Топ2 дена

Уапсен возачот кој денеска удри 12-годишно девојче во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30...

Македонија2 дена

(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ...