Македонија
(Видео) „Правда за животните“, скандираа стотина демонстранти на протестниот марш
Преку протестен марш во Скопје граѓаните испратија порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни.
„Правда за животните“, „Не бараме милост за бездомните животни“, „Дајте го Вардариште!“, се меѓу паролите со кои поворка од стотина граѓани со нивните миленици се собра пред Собранието на маршот кој се движи до Владата, а ќе заврши пред седиштето на Град Скопје.
Радмила Пешева од „Анима Мунди“ рече дека целта на протестот, на кој има 13 граѓански организации од целата држава, е да го изразат револтот кон третманот на бездомните животни.
Пешева истакна дека пораката не е само до градоначалникот на Скопје, туку и до сите градоначалници во државата за, како што рече, импровизациите при третманот на бездомните живони.
Активистите побараа да бидат сослушани и консултирани за трајно решение на овој проблем и напоменаа дека бараат тие да менаџираат со стационарите за бездомни животни.
„Кучиња по операција се фрлаат на мокар и валкан бетон. Се заловуваат мали кучиња“, рече Драгна Велковска, активистка и советничка во Град Скопје.
Пешева изјави дека досега не се сретнале со градоначалникот Петре Шилегов по однос на ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.








