Македонија
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието и излегоа на протест
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.
„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедутите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој проецес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонското национално единство. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем”, изјави Мицкоски.
Според него, судството е механизмот на власта за пресметка и уценување. ,,Заев не доби поддршка за промена на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин, преку уцена на пратеници да гласаат. Името не го менуваат граѓаните, туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани. Кај дел на пратениците имаме гласање под уцена, а не поради слободна волја. Јавноста знае за заткулисните игри, притисоци и закани и што значеше процесот на селективно помирување. За Зоран Заев, притворите и сето останато, на тоа сме сведоци веќе една година, а финалето почнува со денешната седница. Европски вредности ли се тоа? Сите што се залажуваат дека ќе стигнеме до европска Македонија се лажат. Стануваме поделено и разединето општество. Оваа влада го губи легимитетот затоа што спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Северна Македонија може е на Заев и на блиските соработници кои преку промена на името сакаат да ја зачуваат позицијата и привилегиите. Но мојата татковина и на повеќето граѓани е Република Македонија. Се нанесува тешка неправда и отпорот е она што ни преостанува”, порача Мицкоски.
Тој додаде дека ќе го искористи демократсктото право мирно и достоинствено да протестира. Ги замоли учесниците на протестите да не подлегнуваат на провокации од ,,инфилтрирани полициски структури”, да останат достинствени, иако државата е окупирана од нечесна власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

