Контакт

Македонија

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, како дел од серијата средби со највисоките претставници на институциите на ЕУ што се договорени за денеска и кои вклучуваат разговори со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји.

На онлајн средба со високиот претставник и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, премиерот Заев упати благодарност за личниот придонес на потпретседателот на ЕК Борел за пристапниот пат на Северна Македонија во ЕУ, при што ја издвои одлуката на Советот на ЕУ во март да почнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со што се означи новата ера во меѓусебните односи.

Заев изрази надеж дека оваа поддршка ќе се формализира и со усвојување на Рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

„Одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ ќе испрати позитивен сигнал и до регионот и ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан како геостратешки интерес на Европската Унија“, потенцираше премиерот Заев на онлајн средбата со високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел.

Северна Македонија останува посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договор за добрососедство и пријателство со Бугарија, кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Премиерот истакна дека новата коалициска влада и сите институции се целосно функционални и посветени на континуитетот на реформите и на остварувањето на резултати од владеењето на правото и на борбата против организираниот криминал и корупцијата како најголем приоритет.

Постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и резултатите од истрагите и конечни пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, се регистрирани и во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, и понатаму ќе бидат наш фокус со отворена покана за вклучување на опозицијата во Парламентот, како и низ дијалог со граѓанското општество и нашите меѓународните партнери.

На онлајн средбата како исклучително значаен беше оценет економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, кој е од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот.

Цврстата заедничка поврзаност на ЕУ со Република Северна Македонија, рече премиерот Заев на онлајн средбата со потпретседателот на ЕК Борел, се потврди и во поддршката на земјата во заеднички одговор за справување со последиците од Ковид-19 и придонесе за зацврстување на врските со ЕУ.

Високиот претставник за надворешна политика и за безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, истакна дека за Брисел е исклучително значајно што продолжува интензивната соработка со влада која е докажано посветена на интегративниот процес на Северна Македонија во ЕУ и дека очекува колку што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција за да ја градиме иднината заедно.

Најново

Спорт6 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника10 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника11 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....

Црна хроника12 часа

Сопружници од Штип осомничени за напад врз полицаец

Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека...

Македонија12 часа

Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија

Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди...