Македонија
Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr-2.jpg)
Во текот на вчерашниот ден беа реализирани превентивни активности во рамките на секторите за внатрешни работи Велес, Штип и во Битола, при што акцентот на реализираните превентивни содржини беше сообраќајната безбедност.
Така, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци беше реализирана превентивната активност со мотото „Биди подготвен за патување во зима“, а во Пехчево во соработка со комуналните служби од општина Пехчево полициски службеници ја реализираа превентивната активност со мотото „Паркирај совесно и одговорно“.
На подрачјето, пак, на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и во Македонски Брод, на возачите им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред сè, за користење на зимската опрема, заштитните појаси, приспособување на брзината на движење кон условите на патот и секако за опасностите од возење под дејство на алкохол.
Во текот на сите овие активности на возачите им беа делени соодветни едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Инаку, вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола реализираа средби со граѓаните во централното градско подрачје, како и со бизнис заедницата, каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.