Контакт

Македонија

Предлог-законот за јавниот интерес во културата оди во Собрание

Објавено пред

Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за јавниот интерес во културата, кој, откако ќе биде усвоен во Собранието, ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата.

Со предлог-законот за јавниот интерес во културата се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.

Со овој предлог-закон се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата.

Македонија

Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера“, во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, којашто се одржува он-лајн на 6 и 7 јули.

„Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“, истака Димиров.

Во присуство на министри и други високи претставници на земјите-учеснички на ОБСЕ, министерот ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупција, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, Претседателот на Владата и МНР на Албанија Еди Рама, Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и министерката за правда на Република Албанија Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и МНР на Извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC) г-ѓа Гхада Фати Валу, МНР на Обединетото кралство, како и други министри за надворешни и за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при Тоарилуц

Објавено пред

Кон крајот на 2018 година, се пуштија во употреба комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при Тоарилуц – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.

Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.

„ Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман“, изјави министерот Филипче.

Целото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: За првпат преку IPA 3 инструментот, средства за унапредување на здравствениот систем во нашата земја

Објавено пред

На вчерашната средба во Охрид со специјализантите и младите лекари, министерот за здравство, Венко Филипче ги истакна и можностите кои се нудат на јавното здравство преку усогласувањето со законодавството на Европската Унија, како и новите можности кои ги нудат програмите. Во таа насока тој истакна дека преку IPA 3 инструментот за првпат се дедицирани средства за унапредување на здравствениот систем во нашата земја, наменети за инвестиции пред сè во луѓето и во опремувањето и унапредувањето на одделенијата за интензивна нега ширум земјата.

„Усогласувањето со законодавството на ЕУ и за нас отвора нови врати. За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем. Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најбитните сегменти во секоја установа – а тоа се одделенијата за интензивна нега.“ – истакна Филипче.

Филипче разговараше со младите лекари и специјализанти за важноста на одделенијата за интензивна нега, како во однос на опременоста со современи апарати и целосна инфраструктура, така и со силни и обучени тимови на медицински персонал кои ќе им пружаат соодветна нега и третман на најкритичните пациенти.

„Каква е интензивната нега, какви доктори работат таму – тоа е лицето на една здравствена установа. Важно е каква опрема има, каков медицински кадар, лекари и сестри, колку се обучени, каква услуга даваат – тоа е вистинското лице на здравствениот систем и затоа со помош од ЕУ ќе продолжиме и да го зајакнуваме тој сегмент.“ – изјави Филипче и додаде дека е од исклучителна важност да се зајакнат и унапредат одделенијата за интензивна нега во сите поголеми јавни здравствени установи во земјата, како дел или одделно од инфективните одделенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет1 час

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ2 часа

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет2 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура2 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион17 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион18 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава19 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија21 час

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие