Македонија
Предлозите за Законот за државјанството се спротивни на сите европски стандарди, велат од Левицата
Соопштение на полиичката партија Левица
„Измените на Законот за државјанство, предложени од Алијансата за Албанците, со кои се предвидува намалување на потребниот период, едно лице законски и постојано да живее на територијата на Република Македонија, за да се стекне со државјанство со природување, се спротивни на уреденоста на оваа област во законодавствата на сите земји од регионот, земјите членки на ЕУ, каде што е предвиден регулиран престој од најмалку 8 години па нагоре.
Во Конвенцијата за државјанство, која Република Македонија ја има ратификувано, е наведен рок не подолг од 10 години, период на престој пред поднесување на барањето за стекнување на државјанство со прирордување. Оваа горна граница ја следат очигледно сите други држави, сите циркулираат околу горната граница. Сето тоа е бидејќи државјанството треба да биде израз на највисок степен на интегрирање на странецот во општеството. Ако се водиме од компаративната анализа, тоа значи дека лицето треба претходно да стекне дозвола за постојан престој, па потоа да добие државјанство. Вака, со скратувањето на тој период на само 4 години, се деградира постоењето на институтот ДОЗВОЛА ЗА ПОСТОЈАН ПРЕСТОЈ.
Со предложените измени не се докажува ефективна врска на засегнатото лице со Република Македонија, СПРОТИВНО НА ЧЛ 18 СТ 2. ТОЧКА А – ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО. Се остава простор за прешироко толкување. Особено што условите за стекнување државјанство при државна сукцесија се предвидени во Конвенцијата за државјанство со цел избегнување на состојба на бездржавјанство.
По 30 години од распадот на Југославија, да се бара државјанство по основ на државна сукцесија е налудничаво, со оглед на тоа дека тие лица веќе стекнале ефективна врска со друга држава и веќе живеат на друга територија, следствено не се лица без државјанство. Во предложените измени не се наведува на кој начин тоа лице ќе ја докаже ефективната врска со Република Македонија во согласност со наведениот член од конвенцијата. Дали тоа ќе треба да го утврди државата, на кој начин, дали тоа лицето ќе го докажува, какви докази лицето треба да приложи, дали тројцата сведоци предвидени во измените треба да докажат веродостојност на доказите, ниту дали тие сведоци може да ја докажат таквата врска?!
Целиот процес на докажување на таа вистинска и ефективна врска со РМ се остава на една обична изјава на тројца сведоци, фактички државниот систем не постои и тој може само да констатира дека лицето се стекнува со државјанство. Недозволиво, прелесна формулација, компаративно никаде непредвидена досега“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

