Македонија
Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција
На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител во предметот.
Неговиот адвокат, Јовица Страшевски, го убедуваше судот дека Трајковски не е виновен, презентирајќи видеоснимки од протестите на шарената револуција и кршењето на канцеларијата од експретседателот Ѓорѓе Иванов. Страшевски потенцираше дека за протести со потешки дела, со смртни закани и тепање на полицијата, немало никаква одговорност.
„За разлика од другите протести, пред Општина Центар на протестот немаше ништо спектакуларно и насилно. Од обвинителката не слушнав и не видов насилство, туку дека се тропало и пцуело”, рече адвокатот на Трајковски.
Судот ги одложи завршните зборови за Миле Јанакиески во предметот „Насилство во Центар”, откако Обвинителството го измени обвинението и ослободи Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски. Судијата Душко Јосифовски не дозволи судењето да се врати во доказна постапка, а обвинетите да достават дополнителни докази со кои ќе докажат дека не го сториле делото. Јанакиески и неговиот бранител завршните зборови ќе треба да ги дадат за четири дена.
„Сметам дека денес добивме поднесок кој не е законит. Вие продолживте да постапувате по тој поднесок. Правото да се повлече за одредени обвинети е вистински чекор. Се работи за поднесок кој гласи ‘Поднесок за технички измени и прецизирање на обвинителен акт’. Треба да ја видите фазата на постапката кога се прават овие измени. Јас не барам одложување од причини да се спремам. Јас барам одлагање бидејќи законот ви налага да ни овозможите да се браниме, бидејќи има измена на дејствија. Тие имаат право да изнесат и докази”, рече адвокатот Дончо Наков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

