Македонија
Премиерот Ковачевски во работна посета на САД
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
Со премиерот Ковачевски во САД е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, извести прес службата на Владата.
Во рамките на посетата премиерот Ковачевски ќе оствари значајни средби во Њујорк со високи претставници на Стејт едпартментот на Светскиот економски форум и Светската банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис-заедница во САД, како и со претставници од Европската Унија.
Меѓу предвидените средби се состаноци со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, со управната директорка на Светската банка, Ана Бјерде, како и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Фокусот на разговорите се економскиот развој на Република Северна Македонија, атлантското партнерство, европските перспективи и важноста на стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД во сите овие процеси од значење за квалитетот на живот на македонските граѓани.
Во рамките на работната посета на САД премиерот Ковачевски ќе присуствува и на прием по повод одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

