Контакт

Македонија

Премиерот Ковачевски се сретна со потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас. Тема на состанокот беше зајакнувањето на капацитетите на земјата за надминување на предизвиците со илегалната миграција, но и скрининг-процесот што ѝ претстои на земјата.

dobivaj vesti na viber

На состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија останува посветена на управување на сите релевантни аспекти на надворешните миграции. Имајќи ги предвид миграциските текови и нивното влијание врз демографскиот и социо-економскиот развој, Република Северна Македонија со години неуморно и посветено работи со цел успешно справување со миграциската криза.

Премиерот Ковачевски на состанокот посочи дека заедно со европски партнери, како и други земји од Западен Балкан, успеавме најдобро што можеме да се справиме со миграцијата.

Од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира меѓународна заедничка операција во која учествуваат странски полициски службеници од 8 европски земји.

Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС, кој се очекува да биде потпишан во најкраток временски рок, ќе се отвори можноста за распоредување сили на ФРОНТЕКС на територијата на Република Северна Македонија, што уште повеќе би придонело во поглед на успешното справување со нелегалната миграција.

Македонија

Утре без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 10.30 часот, корисниците од дел од с.Глумово, Шишево и Матка. ( општина Сарај)

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од с.Бардовци- место викано Село(општина Карпош)

– во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул.Киро Фетак (од крстосницата со ул Иван Мажураниќ до крстосница со ул. Иван

Хаџиниколов), и дел од ул. Иван Мажураниќ (општина Кисела Вода)

– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул.Финска (општина Гази Баба)

– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Жеглање (општина Гази Баба)

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Митре Влаот од бр.1 до бр.9 (општина Аеродром)

Прикажи повеќе...

Македонија

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Објавено пред

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 05.12.2022 (пoнеделник), поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата)“, се вели во соопштението од МВР.

Приватните превозници протестираат откако градоначалничката Данела Арсовска одби да преговара со нив и објави дека ќе има нов јавен повик за приватни превозници. ЈСП го раскина договорот и со „Слобода превоз“. Претходно беше раскинат договорот и со „Макекспрес.

Од ЈСП признаваат дека има долгување кон приватните проевознци, но велат дека долгот е наследен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со температура до 13 степени

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени, информираат од УХМР.

Во наредните денови следува период на претежно променливо облачно време, наутро со услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 минути

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет15 минути

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет23 минути

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија40 минути

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион20 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет21 час

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија23 часа

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија23 часа

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија24 часа

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија2 дена

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија2 дена

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија2 дена

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет2 дена

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...

Забава2 дена

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат...

Спорт2 дена

Џака: Дресот на Јашари беше за мојот млад соиграч од Македонија

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, објасни зошто по победата над Србија носеше дрес со презимето Јашари. Играчот од средниот ред...