Македонија
Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде одговор за медиумите кои од итните реформи што Владата требаше да ги спроведе се имплементирани, како тече процесот и дали има напредок. Единствено што потенцираше Прибе е дека напредокот на реформите во минатото бил бавен процес. Германскиот експерт ја доби титулата почесен професор на Универизтетот Фон и кажа: „Не сум тука за да дадам политички совет, како што правев во другите ситуации. Тука сум да бидам слободен човек на Универзитетот“
Во врска со реформите, тој за време на церемонијата истакна дека најважно е да се разговара што ќе биде во иднина, место сè уште да се зборува што било погрешно во минатото.
„Процесот на реформи треба да биде создаден да гледа напред, а не назад. Очигледно напредокот беше пребавен во изминатите години. Уште поважно, големиот јаз меѓу двете партии мора да се надмине со тоа што ќе се најде заеднички консензус за тоа што треба да направи земјата. Извештајот кој со групата експерти го направивме и препораките кои ги дадовме не беа против една политичка партија, а во корист на друга. Тука да се направат потребните реформи во земјата“, потенцираше Прибе.
Во пакет-реформите што требаше да бидат импламентирани беа контролата на комуникациите, судството и обвинителството, надворешниот надзор од независни тела, начинот на спроведување на изборите и состојбата во медиумите.
Прибе во својот говор се осврна и на договорите со Грција и Бугарија, кои ги даде како позитивен пример за напредок на земјата.
„Се плашам дека не зборувам македонски, ако е ова вистинскиот збор што можам да го употребам по преспанскиот договор. Договорот со Грција за спорот со името е неверојатен, да бидеме реални, кога двајцата премиери го потпишаа договорот сите бевме скептични дали ќе се имплементира. Откако грчиот парламент го прифати влезот на Северна Македонија во НАТО, направен е последниот чекор за имплементација на договорот. Договорот е извонреден пример за тоа што можат да постигнат политичарите кога имаат храброст“, рече Прибе.
Тој потенцираше дека процесот за влез во ЕУ на Македонија ќе биде подолг и поболен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.