Контакт

Македонија

Приведени се 42 лица за непочитување на полицискиот час

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на 57 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, информираат од МВР.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Македонија

(Видео) Македонец меѓу напаѓачите на лидерот на кавачкиот клан во Украина

Објавено пред

Македонец, Црногорец и Србин се осомничените кои се обиделе да го убијат наводниот лидер на кавачкиот криминален клан, Радоја Звицер, во Украина. Украинските органи ги уапсиле и ги идентификувале, а како што се наведува, еден од нив се наоѓа на меѓународна потерница поради убиство.

Како што синоќа објавија медиумите, две непонзати лица пукале во Звицер, а до нападот дошло во близина на елитен станбен комплекс во украинскиот главен град Киев.

„ Главните причини за обидот за атентат биле криминални активности на жртвата, можна прераспределба во криминалната организација, како и меѓу балкански криминални кланови кои ја контролираат трговијата на дрога“ рекол шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.

Тој додал дека полицијата по обидот за убиство почнала интензивна потрага за напаѓачите. Тие сакале да побегнат, но во еден момент се обиделе и да го запалат автомобилот во кој се наоѓале. Полицијата успеала да им влезе во трага преку надѕорните камери.

„ Полицијата го следеше автомобилот со кој осомничените се движеа кон Одеса, за да ја напуштат земјата надвор од царинската контрола преку границата помеѓу Украина и Молдавија. Со оглед дека напаѓачите беа вооружени, во полициската акција беа вклучени и специјални сили. Утрово се приведени четири лица, кои претходно се обиделе да побегнат, а при апсењето пружале отпор“ рекол Клименко.

Моментално обвинетите се притворени според членот 208 од кривичниот закон на Украина, а истрагата е во тек. Претходно било утврдено дека осомничените во Украина дошле на почетокот на мај и дека долго време ја следеле жртвата. Звицер бил погоден пет пати и се здобил со повреди опасни по животот, синоќа бил опериран и се наоѓа во тешка состојба.

Радоје Звицер со години не живее во Црна Гора, а важи за прв човек на една од најсилните криминални групи во овој дел од Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЈСП: Од петок повторно бесплатен превоз за пензионерите

Објавено пред

Од петок, 28 мај,  продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица и тоа за жени со и над 62 години и за мажи со и над 64 години во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Објавено пред

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана од нејзиниот татко во нивниот дом во населбата Даме Груев во Скопје и објави вознемирувачки фотографии од неа со раскрвавено лице. Ристеска го пријавила татко ѝ во полиција и тој бил уапсен. Ристеска во полиција пријавила дека била нападната и нејзината мајка.

„Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“, напиша Ристеска.

Од МВР соопштија дека настанот кај нив бил пријавен вчера околу 22 и 30 часот и дека таткото на Моника е уапсен.

„На 26.05 во 22.30 часот на улица Антон Чехов во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело. Претходно, неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом на улица Антон Чехов,  по претходна расправија, таа и нејзината мајка К.Р.(62) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во соопштението на МВР.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на „Фејсбук“ соопшти дека таткото на Ристеска ќе се гони за делото телесна повреда.

„Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, соопшти министерот Чулев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет2 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет3 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија3 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија4 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија4 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава6 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија16 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија17 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија17 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија17 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија17 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион22 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија22 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија23 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија24 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија24 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија1 ден

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет1 ден

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа1 ден

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Досие