Контакт

Македонија

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени кон претседателот на владата, Зоран Заев.

Како што наведува МВР, по добиена пријава за објавени сериозни закани кон претеседателот на владата, вчера Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, извршил претрес во домот на М.С., кај кого биле најдени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител.

Македонија

ДУИ: Ветингот става крај на Сваровски и Луи Витон правдата

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека се ангажира за потполно владеење на правото и правната држава, што е, како што вели партијата, апсолутен приоритет на сите.

„Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото, и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки а не на закон. Неселективната правда се постигнува преку целосен Ветинг на обвинителите, судиите и политичарите.

На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.

Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.

ДУИ го подржува Ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај се до завршување на постапките во највисоките инстанци“ соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сместени 154 луѓе во карантин во хотелите на ЕСМ на Попова Шапка

Објавено пред

154 лица се сместени во државен карантин во хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ. Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден. Граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР.

Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во ,,Елемтурс”, според пропишаните процедури и протоколи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска е Ден на правосудството, можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност

Објавено пред

Здружението на судска администрација, на сите вработени во судската служба на судовите, судиите, судите поротници, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, пробациската служба, им го честита 31 март – Денот на правосудството, со желба за успешно извршувањето на работите од своја надлежност.

На денешен ден во 1945 година со донесувањето на повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија се поставени темелите на судството во Република Македонија. Со повелбата се основани 25 околински судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.

Годишнината на одбележување на овој датум е можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност стручност, и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава. Во изминатите 75 години на македонско правосудство, стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на генерации на вработени во правосудните институции.

Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонско правосудство е свесно за своите слабости но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи и достигнување на нови повисоки стандарди во своето работење“ се наведува во соопштението на Здружението на судска администрација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија3 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19...

Свет3 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет4 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет4 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија4 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија15 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија15 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија16 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија17 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија18 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет20 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија21 час

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија22 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија22 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија22 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет23 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија1 ден

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Досие