Македонија
Вратени 152 македонски државјани од Италија
Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за враќање на македонските граѓани затекнати во Италија. И покрај поголем број пријавени наши државјани, од нив 180 го потврдиле враќањето, од кои 152 пристигнале на аеродромот во Венеција и се качиле на денешниот лет кон Скопје.
По пристигнувањето во земјата, тие ќе бидат упатени во задолжителен државен карантин во времетраење од 3 седмици во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.
На летот кон Италија во координација со италијанската амбасада во земјата беше организирана репатријација на 32 странски државјани, кои беа затекнати во Скопје.
Упатуваме благодарност до сите инволвирани во процесот на репатријација, на колегите од кризниот тим при Министерството за надворешни работи и на колегите од сите наши дипломатско-конзуларни претставништва за посветеноста во овие исклучително отежнати услови за работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

