Македонија
Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, откако со лисици на рацете во придружба на полицијата беше донесен на распит во Кривичниот суд. Тој попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.
Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тој заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Претходно судот му одреди 30 дена притвор и на Милевски.
Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Денеска е сабота, 9 декември 2023 година, 343-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:49, а ќе зајде во 16:03 часот. Денот ќе трае 554 минути.
Според информациите на УХМР, наутро ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје наутро студено со ниска облачност, а потоа сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, велат од УХМР.
Македонија
Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.
„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните“, рече Џафери.
Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на ДУИ, Џафери да биде премиер 100 дена пред избори.
„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.