Македонија
Причината за смртта на девојчето од Битола не е утврдена, Обвинителството проверува како е лекувано
Обвинителството има издадено низа насоки и наредби за да се извршат провери за тоа како било лекувано петгодишното девојче во битолската болница, каде што и почина. Причината за смртта досега не е утврдена, велат од Обвинителството.
„За настанот во болницата во Битола, Основното јавно обвинителство Битола издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето сѐ уште не е утврдена“, велат од Обвинителството.
Вчера за настанот се изјасни и директорот на болницата.
„Девојчето е донесено во болницата во 10 часот вчераутро, а почина во 14 часот. Родителите го донесоа дехидрирано, со покачена температура, повраќање и со оток на очите. Кај нас беше само рехидрирано пред да почине. Телото сега е на обдукција, а за случајот го известив Обвинителството“, рече вчера директорот Обедниковски.
Сведоштво за последните моменти на Јана имаше и татко ѝ за „Макфакс“.
Тој и неговата сопруга убедени се дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузија, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.