Контакт

Македонија

Пријави против градоначалниците на Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Шуто Оризари денеска пред антикорупционерите

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ќе одлучува по пријавите за изборни прекршувања на градоначалниците на Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Шуто Оризари. На дневен ред на дванаесеттата седница на ДКСК е и приговор против Јавното комунално претпријатие Гази Баба за можни изборни злоупотреби.

dobivaj vesti na viber

Сите пет приговори се поднесени од Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Антикорупционерите денес ќе ја одржат и 13. седница на која ќе се постапува по предмети за кои се отворени постапки по службена должност за можен судир на интереси.

Седниците ќе се одржат во просториите на ДКСК од 11 часот.

Македонија

За три дена пријавени се тројца починати регистрирани се 108 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022):

dobivaj vesti na viber

Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје      161537, Активни   307
Куманово    18216, Активни    16
Битола      17940, Активни    33
Прилеп      15495, Активни    20
Тетово      14466, Активни    13
Кавадарци   12082, Активни    12
Велес 10796, Активни    4
Охрид 10308, Активни    8
Гостивар    10274, Активни    1
Струмица    8778, Активни     4
Штип  8758, Активни     14
Кичево      6073, Активни     7
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5171, Активни     0
Гевгелија   4878, Активни     2
Неготино    4142, Активни     3
Ресен 3029, Активни     6
Радовиш     2836, Активни     4
Свети Николе      2794, Активни     1
Крива Паланка     2662, Активни     2
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1874, Активни     1
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     1
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1128, Активни     4
Богданци    1101, Активни     1
Крушево     1037, Активни     0
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   799, Активни      1
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     518, Активни      0
Дојран      370, Активни      0

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ако не се извинат Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Објавено пред

Најдолни лаги според премиерот Димитар Ковачевски се обвинувањата од ВМРО – ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен и дека заедно со кумот ја направиле фирмата „Пиксел груп“ за да вртат милионски суми државни пари.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања денес на свеченоста за првиот академски час годинава, побара извинување од ВМРО – ДПМНЕ и најави тужба.

„Јас сум веќе две недели под константни напади од страна на ВМРО – ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив на Собранието, каде што точно можеа да чујат сите граѓани, а во однос на оваа сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и најзаконски начин. Не може да прават конструкции од тоа како функционираат компании кои се независни во своето работење и кои функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дека ќе има тужби или не тоа не може да зависи од мене, јас не сум ниту правник ниту адвокат, но сепак сметам дека тоа треба да го направат бидејќи конструирале лаги“, рече премиерот Ковачевски.

Тој смета дека лагите и конструкциите што се прават за него овие две недели се пуштаа за да се тргне вниманието на јавноста која бара одговори за тоа што се случувало со тендерот од 136 милиони евра во скопски „Водовод“, оти неговата партија го обвинила токму лидерот Христијан Мицкоски.

„Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ го обвини. Него го обвини ВМРО-ДПМНЕ, партијата во која што е претседател, затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО – ДПМНЕ. Данела Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ со трубачи. На митинзи кој ја фалеше?“, рече премиерот откако новинарите му забележаа дека официјално, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше независен кандидат, поддржан од ВМРО – ДПМНЕ.

На митинзи кој ја фалеше?“, рече премиерот откако новинарите му забележаа дека официјално, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше независен кандидат, поддржан од ВМРО – ДПМНЕ.

Премиерот Ковачевски во Собранието објасни дека не служел војска оти имал абдоминални проблеми, а обвинувањата за компанијата „Пиксел“ смета дека се конструкција оти тој се повлекол од неа кога стапил на функција, а бил исклучително горд за создавање на компанијата за производство на фотоволтаични модули.

Прикажи повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи, го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре.

dobivaj vesti na viber

По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој современ специјализиран дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а има капацитет од 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.

Воспоставувањето на оваа социјална услуга и работата на овој дневен центар се дел од проектот за подобрување на социјалните услуги, што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светскта банка.

„Многу ме радува што гледам дека овој центар работи успешно и што навистина имаме неверојатен напредок кај децата што престојуваат овде. Му честитам на целокупниот персонал, кој со својата посветена и стручна работа се грижи и овие деца со попреченост што живеат во помалите населени места да добијат еднакви можности да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Тоа се совпаѓа со заложбите на Владата и на Министерството, како и со основните цели на социјалната реформа, а тоа е да се овозможи пристап до неопходните социјални услуги на сите оние на кои тие им се потребни вклучувајќи ги најранливите групи во општеството, како и оние што живеат во руралните и оддалечените места во државата. Отворањето и успешното функционирање на овој центар е најдобар показател дека социјалната реформа е успешна“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со центарот управува здружението „Имаго плус“, чии вработени, кои поседуваат лиценци за ваков вид дејност, преку индивидуален пристап обезбедуваат професионален и стручен третман за нега и рехабилитација на секое дете во центарот подготвувајќи ги успешно да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Услугата што ја добиваат децата во овој центар предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија, која на децата им помага да го зачуваат и унапредат своето здравје и истовремено да го поттикнат нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој. Покрај тоа, во овој центар се спроведуваат и стручни советувања и работилници за поддршка на родителите на децата.

Липково беше една од општините, која во партнерство со здружението „Имаго плус“ аплицира на првиот јавен повик и доби средства од проектот за подобрување на социјалните услуги, што овозможи да се воспостави и развие услугата нега за децата со попреченост што живеат на територијата на оваа општина.

„Благодарение на блиската соработка со Министерството за труд и социјална политика и ‘Имаго плус’ успеавме, по повеќе од десет години, да го завршиме и активираме овој центар, со што и децата со попреченост од нашата општина почнаа да добиваат современ третман и неопходна грижа, која секако ја заслужуваат. И покрај ограничените финансиски средства што ги имаме како рурална општина, а кои во услови на енергетска криза сè повеќе се намалуваат, ние и понатаму на секаков можен начин ќе го помагаме овој центар овозможувајќи на тој начин негово непречено и успешно функционирање во полза на децата“, рече градоначалникот на иопштина Липково, Еркан Арифи.

Здружението „Имаго плус“, кое управува со дневниот центар во Оризаре, има повеќегодишно искуство во работата со деца со попреченост. Од неодамна овој центар ги исполни неопходните услови, со што финансирањето на социјалните услуги, кое досега се реализира преку проектот, во иднина ќе продолжи да се реализира преку системот за централно финансирање од државниот буџет.

„Задоволни сме што како тим, преку стручен и професионален пристап и со поддршката што ја добиваме од надлежните институции на централно и локално ниво, уште во првата година од работата на центарот создадовме соодветни услови и можности за децата со попреченост од населените места во општина Липково. Досегашните резултати во работата, како и влегувањето во системот на централно финансирање од буџетот, дополнително нè охрабруваат да продолжиме да се развиваме и понатаму, со цел да им ја овозможиме најдобрата грижа и поддршка на децата“, истакна Земријет Бела Весели, претседателка на „Имаго плус“.

За негата, третманот и за секојдневните активности на децата што престојуваат во дневниот центар се грижи стручен тим составен од пет специјалисти, и тоа: рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

„За нас како луѓе што својот професионален живот го посветиле да им помогнат на оние на кои тоа им е најнеопходно, а посебно на децата со попреченост, претставува огромна сатисфакција кога ги гледаме плодовите од нашата работа. Среќни сме од досегашниот напредок што го постигнавме во работата со децата што престојуваат во нашиот дневен центар и веруваме дека она што ќе го постигнеме овде заеднички ќе им помогне на децата да имаат успешен личен и професионален развој и квалитетен живот понатаму“, објаснува координаторката на дневниот центар, Аринета Нухија.

Во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги, што е еден од инструментите за поддршка на социјалната реформа, која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега се поддржани 22 проекта во 27 општини во земјата. Најголем дел од овие проекти е наменети за помош и нега на стари лица во нивните домови, а преостанатиот дел е за услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, како и дневен престој, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување. За давање на овие социјални услуги, досега се обучени и лиценцирани над 300 лица, кои обезбедуваат соодветна грижа за речиси 700 корисници.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион21 минута

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија46 минути

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија2 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија2 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија2 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет3 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет3 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија4 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет6 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет6 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет6 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа6 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет7 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион16 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ18 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет21 час

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија23 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...