Македонија
Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори“

Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој почина на 54-годишна возраст.
„Почивај во мир, Игор… Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.
„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние што првин го искористија, па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние што го затворија сто години за носење пиштол, кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.
„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг, татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа во зандани, а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата“, напиша Драган Пешевски.
„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.