Македонија
При упадот во М-НАВ имало 40 прелети, авион бил оставен да кружи, тврди Чулев

„Како што дознаваме, неофицијално, во моментот на насилниот упад во зградата на М-НАВ, на македонското небо вршеле прелет околу 40 авиони, а 2 авиони, од кој еден бил на сериозна авио компанија, кружеле над Скопје повеќе време и чекале дозвола за слетување. Во текот на денот имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје, изјави поранешниот технички министер за внатрешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев.
Според Чулев скандалозно е што насилниците по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост.
„Името на агенцијата за обезбедување е озогласената кичевска фирма 2СС, која има промет од околу 3 милиони евра годишно и е позната по милионските тендери, посебно во институциите, кои ги раководат кадри на ДУИ. Па на листата на институции, кои ги користат нивните услуги се: АЕК, ЈП Државни Патишта, скопската градска болница 8-ми септември, како и Архелошкиот музеј, Музеј на Македонија, здравствен дом Кичево, Државната лотарија, ТИРЗ Кичево и Струга, Клиниката за гинекологија, Фонд за здравствено осигурување, Општина Центар во делот на училишта и градинки, Клиника за хематологија, скопската Клиника за кардиологија, управа за заштита на културно наследство, агроберза, Општина Струга и други. Односно накратко секаде каде ДУИ и СДС се на власт. Дополнително, уште еден бенчмарк исполнет од европскиот фронт СДС-ДУИ, е фактот дека тепачите од М-НАВ беa пуштени без притвор. Скандалозно е што насилниците по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост. Во тие мерки, во соопштението, не се наведува дека им е забрането да одат повторно во институцијата, каде извршија кривично дело, што значи дека тепачите на ДУИ потмогнати од СДС, можат во секое време да го повторат делото., рече Чулев.
Како што посочува Чулев, затоа оваа неевропска коалиција, ќе одговара европски.
„Една од првите одлуки по преземањето на институциите и МВР ќе биде одговорност пред законот без исклучок на сите вмешани во овој сериозен меѓународен скандал. Ова ли е европската агенда на ДУИ и СДС? Ова ли е начинот на кој ќе ја внесуваат Македонија во ЕУ? После ваков невиден настан, непознат во Европа и светот, мора да следат оставки веднаш, од врвот па надоле. Одговорност мора и ќе имае! Никогаш не било полошо! Време е да ги поразиме“, завршува Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градоначалници, со што досега објавени се вкупно 60 кандидатури.
За градоначалник на Пробиштип, партијата го кандидира Драган Анастасов, Драгослав Симоновиќ е кандидат за градоначалник на општина Градско и Борче Гиевски за Зелениково.
„Сите кандидати се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници“, велат од партијата.
Македонија
Јасно и гласно кажав дека не сум се сретнал со Груевски, ВЛЕН манипулира, рече Османи

Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ги демантираше тврдењата за наводна средба со Никола Груевски за обезбедување пратеници за поддршка на уставни измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за подршка на утавни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата“, рече Османи.
Додаде и дека дговорот на овие оцрнувања ќе стигне на 19 октомоври.
Македонија
Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија се измислени од одредени политичари. Тој нагласи дека ако тоа било вистина, тоа можело да се случи уште во 2001 година со 15.000 вооружени лица.
Ахмети додаде дека ДУИ е за унитарна држава, рамноправна за сите, и дека е потребна правна држава со истраги за приватизацијата и поранешните функционери.
„Но, ние сме за унитарна држава, рамноправна за сите. А не еден да биде аргат, а другиот ага. Ние не сакаме да живееме во сопствената земја како кираџии“, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ посочи дека иднината на земјата е со стабилност, рамноправност и интеграција во Европа, додека актуелната власт, според него, не направила значаен напредок.
На настанот, Ахмети заедно со кандидатите за градоначалници потпиша „акт за Чаир“ како симбол на националното единство од 2001 година, повикувајќи на борба против дискриминацијата и лошото управување пред октомврискиот референдум.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обрќањето на Ахмети истакнаа дека ДУИ не само што не може да ја дели државата, туку може и да завршат во затвор за криминал и затоа што ја разјадуваат Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека ДУИ се во очај што се враќаат на 2001 година, додавајќи дека за време на 23 години власт учествувале во компромитирање на институциите и злоупотреба на етнички теми за лична корист.