Македонија
Прогласени најдобрите трговски објекти за 2021 година
Градот Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите трговски објекти ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој им посака понатамошна успешна работа и задоволни купувачи.
Проектот „Месец на трговијата” традиционално се спроведува петнаесетта година по ред од Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research. Оваа година проектот се реализираше во периодот од 1 до 25 ноември. Најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објект го оценуваа квалитетот на услугата според 7 елементи:
– изглед на продажното место
– прв контакт со вработените
– Ковид-критериуми
– услуга кон купувачите
– продажни вештини
– завршен контакт
– задоволство од купувачкото искуство.
Плакети се доделуваат на најдобрите три трговски објекти кои постигнале највисок вкупен резултат според испитаните елементи на услугата во следните 8 категории (дејности(sad)
– Апарати за домаќинство, бела техника и сè за дома
– Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема
– Парфимерии и козметика
– Салони за мебел и канцелариска опрема
– Супермаркети
– Модни додатоци и накит
– Бутици
– Домаќинство
Најдобрите трговски објекти во Скопје за 2021 година во осумте наведени категории се:
Категорија Апарати за домаќинство, бела техника и сè за дома
1. Техномаркет
2. Нептун
3. Сетек
Категорија Модни додатоци и накит
1. Божиновски
2. PANDORA
3. MY:TIME
Категорија Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема
1. I Style
2. А1 Македонија
3. LEDICOM
Категорија Парфимерии и козметика
1. LOGONA
2. L’OCCITANE
3. Schatze
Категорија Салони за мебел
1. Југоекспорт стил
2. Прима мебел
3. Симпо
Категорија Супермаркети
1. Веро
2. Рамстор
3. Жито маркет
Категорија Бутици
1. City Fashion
2. Timberland
3. ARISTOTELI BITSIANI
Категорија Домаќинство
1. BAZARO
2. LUSSO
3. VICKO
Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите, како и да се подигне општото ниво на квалитет во трговските објекти во градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

