Контакт

Македонија

Прогласени најдобрите трговски објекти за 2021 година

Објавено пред

Градот Скопје денеска ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите трговски објекти ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој им посака понатамошна успешна работа и задоволни купувачи.

Проектот „Месец на трговијата” традиционално се спроведува петнаесетта година по ред од Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research. Оваа година проектот се реализираше во периодот од 1 до 25 ноември. Најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објект го оценуваа квалитетот на услугата според 7 елементи:

– изглед на продажното место

– прв контакт со вработените

– Ковид-критериуми

– услуга кон купувачите

– продажни вештини

– завршен контакт

– задоволство од купувачкото искуство.

Плакети се доделуваат на најдобрите три трговски објекти кои постигнале највисок вкупен резултат според испитаните елементи на услугата во следните 8 категории (дејности(sad)

– Апарати за домаќинство, бела техника и сè за дома

– Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

– Парфимерии и козметика

– Салони за мебел и канцелариска опрема

– Супермаркети

– Модни додатоци и накит

– Бутици

– Домаќинство

Најдобрите трговски објекти во Скопје за 2021 година во осумте наведени категории се:

Категорија Апарати за домаќинство, бела техника и сè за дома

1. Техномаркет

2. Нептун

3. Сетек

Категорија Модни додатоци и накит

1. Божиновски

2. PANDORA

3. MY:TIME

Категорија Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

1. I Style

2. А1 Македонија

3. LEDICOM

Категорија Парфимерии и козметика

1. LOGONA

2. L’OCCITANE

3. Schatze

Категорија Салони за мебел

1. Југоекспорт стил

2. Прима мебел

3. Симпо

Категорија Супермаркети

1. Веро

2. Рамстор

3. Жито маркет

Категорија Бутици

1. City Fashion

2. Timberland

3. ARISTOTELI BITSIANI

Категорија Домаќинство

1. BAZARO

2. LUSSO

3. VICKO

Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите, како и да се подигне општото ниво на квалитет во трговските објекти во градот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Единствена Македонија: Новата влада е понижување за Македонците од етнички, патриотски, религиски и професионален аспект

Објавено пред

Новоизбраната влада е голем срам и понижување за Македонија и Македонците гледано од етнички, патриотски, религиски, стручен и професионален аспект, велат од партијата „Единствена Македонија“, на Јанко Бачев.

Гледано од етнички аспект, велат од паријата, во новата влада мнозинство се министри од други етнички заедници со доминантна улога на дури 10 министри – Албанци и уште неколку од помали етнички заедници. Според законот, владата одлуките ги донесува со мнозинство гласови, што, како што се доава, значи дека македонски народ во својата матична држава добива второстепена улога во управувањето.

„Од патриотски и национален аспект гледано, во владата доминираат личности кои се директни учесници во најголемото злосторство врз македонскиот народ со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Религиски глеадно, во новата влада доминираат министри со неправославна вероисповед во доминантно православна Македонија. Конечно, кадровскиот состав во владата е со многу слаб стручен и професионален потенцијал во која доминираат сервилни и полтронски личности кои се поставени на тие позиции врз основа на партиски калкулации, а не врз основа на знаење, способност, достигнување и работни компетенции, со исклучок на министерот за правда. Што е поинтересно, во безбедносните и ресорите за за борба против високиот криминал и корупцијата се поставени партиски кадри заглавени во корупција, што значи дека државата и понатаму ќе ја водат длабоко корумпирани личности“, велат од партијата на Бачев.

Единствена Македонија останува на ставот дека е потребно да дојде народна власт со силна национална и патриотска определба која знае, може и смее, како што наведуваат од партијата, да ги поништи антимакедонските договори и да води борба против корупцијата, вистински, а не лажно и профитерски како што тоа го прави марионетската влада на СДСМ и ДУИ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реорганизација, штедење и решавање на статусот на вработените, најави директорот на ЈСП

Објавено пред

Подобри услови за работа и вистинско вреднување на трудот на возачите на автобуси. Ова го истакна директорот на јавното претпријатие Иван Илиевски на денот на обележување на 74 години од постоењето на ЈСП Скопје.

„Проблемот со лицата кои повеќе години биле ангажирани преку привремени вработувања мора да се реши и да добијат статус на вработени на неопределено време. Трудот мора соодветно да се вреднува и ЈСП конечно да стане претпријатие каде што вработените ќе се горди дека се дел од него“, истакна Илиевски.

За директорот на ЈСП, оваа година ќе биде година на опоравување на претпријатието што со години не е добро менаџирано.

„Оваа година ќе се направи реорганизација и штедење на средствата. Ќе биде тешка година поради цените на енергенсите, но мора да успееме да направиме ова претпријатие конечно да биде вистински сервис на граѓаните. Проблемот е што минатите 4 години се таложеле долгови, а притоа никој не водел сметка за тоа како работи ЈСП. Затоа започнуваме со поставување на работите во систем што ќе функционира“, додаде директорот на ЈСП, Иван Илиевски.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а по повод обележувањето на 74 години на ЈСП беа доделени награди и благодарници за стаж над 40 години на Весна Апостоловиќ, Ајтен Хазир, Трпе Костадиновски, Ванчо Стојчевиќ, Зоран Спасовски, Момчило Додевски и Душко Димовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Митева: Неспособната Влада е виновна за ценовиот шок и енергетската криза

Објавено пред

Владата на СДСМ ја уништи економијата. Поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка, истакна на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Актуелната ситуација со БЕГ отвори многу прашања за СДСМ и навидум независната регулаторна комисија за енергетика. Согласно варирањето на цената на гасот на светскиот пазар СДСМ И РКЕ не успеаја да предвидат или предвидоа но премолчеа дека БЕГ нема да има услов за функционирање во грејната сезона. Второ, врз основа на кои математички пресметки РКЕ и Владата донесоа одлука за поскапување на парното за 14 отсто? Бислимовски убедуваше дека нема да има проблеми со компаниите, дека компаниите се обезбедени за грејната сезона, и ги држеа граѓаните во неизвесност до последниот ден. Трето, дали овие средства со кои се врши субвенционирање на БЕГ се средства кои претходно се обезбедени и планирани за оваа намена?“, рече Митева.

Дополнително, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа криза прерасна во политичка можност за обвинување на Градот Скопје и општините кои немаат никаква улога ниту во регулирањето на цената, ниту пак во договарањето на набавките за гас.

„Битиќи и Бектеши се пофалија дека е решен проблемот со парното, но одбегнаа да кажат колку пари ќе ги чини граѓаните“, рече Митева и посочи дека уште еден поразителен факт е дека ТЕ-ТО сега го дава гасот на одложено плаќање, без наплата, до обезбедување на ликвидноста и до потпишување на деловно техничка соработка што укажува на фактот дека ТЕ-ТО работи со загуба.

Од опозициската партија оценија дека ценовниот шок, кризна состојба во енергетиката која е пропратена со економска и здравствена криза е дело Владата предводена од, како што велат, неспособната Влада на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт58 минути

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 час

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување...

Регион2 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани...

Свет2 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Спорт2 часа

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит...

Свет3 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет4 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија13 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија18 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија18 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа19 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион22 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ23 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет24 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ1 ден

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет1 ден

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија1 ден

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион1 ден

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Досие