Македонија
Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси
Живееме во време кое е бурно, интензивно и непредвидливо. Ние луѓето сме преоптоварени по разни основи, а секако најмногу во поглед на нашето здравје. Затоа, длабоко сме свесни дека е тешко да се обраќаме на здравствената публика, од две причини: затоа што пазарот на лекови и додатоци во исхраната, визуелен и аудитивен е преплавен со буквално се и сешто, каде што високо интегриран здравствен и научен субјект буквално ќе се чуди како воопшто пазарот може ова да го издржи и довербата во препарати што треба се земаат е драстично намалена.
Сепак се работи за здравје и едноствно со здравјето нема компромис. Можете да купите што било со калкулација, но кога се работи за здравје нема компромис.
Хелиос Медикал е претставништво за Балканот и Југоисточна Европа за врвни германски производи од Гелита и Допелхерц.
Веќе култниот бренд CH Alpha ја освои јавноста со квалитет. И покрај сите обиди за фалсификување таа стана бренд број 1 во ортоопедијата и трауматологијата, за коскено-зглобни заболувања.
Допелхерц, веќе е извесно дека во светски рамки претставува компанија која што не ние туку свесткиот пазар ја рангира како една од светски водечките и е број 1 во Германија во областа на додатоците во медицината и фармацијата.
Во овие моменти на борба со вирусите сакаме да ви препорачаме производи кои се многу потребни во овој период.

Doppelherz Имуно актив директ
За јак имунитет! Јакиот имунитет е основа на целокупната борба за здравје. Активни компоненти – Цинк, селен, витамин Ц, хистидин. За поддршка на нормалната функција на имунолошкиот систем во сојуз со амино-киселината Хистидин.

Doppelherz Магнезиум
Витален минерал што телото не може само да го создаде. За нормално функционирање на мускулите, срцето, нервите и коските. Состав – магнезиум, фолна киселина, витамин Б1, витамин Б6, витамин Б12.

Doppelherz Витал Тоник
За целокупно витално здравје! Уникатна комбинација на полифеноли, ресвератрол и биофлавоноиди, збогатени со Б витамини, магнезиум и железо. Примена – кардиоваскуларен систем, нервен систем, јакнење на имунитетот, стрес, хроничен замор, несоница, анемија, намалување на холестеролот, снижување на високиот крвен притисок, зголемува еластичност на крвните садови.

Doppelherz Брусница + pumpkin seeds
За здрав имунолошки систем. Капсули со екстракт од брусница и семе од тиква, со витамин Ц и селен. Ја помага нормалната функција на имунолошкиот систем. Идеално решение за уринарни инфекции и воспаленија, како и при проблеми со простата.
Омега-3 масните киселини играат важна улога во здравата исхрана на срцето, за функцијата на мозокот и мрежницата.

Омега-3 масните киселини во комбинација со фолна киселина, витамин Б6 и витамин Б12 имаат позитивно влијание врз нивото на хомоцистеин и функцијата на садовите.
Doppelherz® aktiv Омега-3 има дополнителен витамин Е за заштита на омега-3 масните киселини од оксидација.
Во ера кога сме сериозно нападнати и треба да го штитиме имуниот систем по повеѓе основи, здравјето на детето мора да биде императив.

Киндер мултивитамински сируп поседува уникатна комбинација на најважните, највиталните витамини и минерали, есенцијална амино киселина Л Лизин, многу важни за растот и развојот на детето.
Значењето на овој производ што го разликува од останатите е во комбинацијата и поседувањето на Л лизин есенцијалната амино-киселина. За правилен раст и развој на детето, го зајакнува имунитетот и подобрува апетитот.
(ПР тест)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во „Пошта“ како се пумпаат 300.000 евра годишно
Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните, изјава Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.
Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.
Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.
Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова?
Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.
Почитувани,
Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.
Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?
Кој ќе одговара?
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
Работата не е завршена“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.
Како што претходно соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

