Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд
Утрово биле измерени -5 степени во Берово, -4 во Скопје-Петровец и Лазарополе, -3 степени во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Гевгелија, Маврови Анови, -1 во Охрид, Крушево, 0 степени во Виница, Дебар, 1 степен во Претор и Дојран.
Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне во источните делови со сончеви периоди. Од попладневните часови во западните делови ќе почнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

