Контакт

Македонија

Пропусти на Судскиот совет, констатира Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите, соопшти Министерството за правда

Објавено пред

Од Министерството за правда информирааат дека Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите по изврешн надзор во неколку градови констатирала пропусти.

„Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни суда во државата – Берово, Крушево, Кратово и Куманово, при што ги констатира следните состојби:

– Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување, како и изземање на судии од АКМИС;

– Недоволен број судии во помалите судови со основна надлежност;

– Недоволен број информатичари во судовите;

– Неконтинуирано архивирање предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми;

– Нераспишување огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели;

– Тонското снимање главно не функционира;

Ова, како што велат од Министерството, се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.

Министерството за правда известува дека и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб-страница сите записници од извршените надзори во судовите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерство за здравство: На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Објавено пред

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“.

„Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани.

Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третма“, соопшти министерството.

Клиниката за хематологија, додаваат од таму, останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите, согласно медицинските протоколи и стандарди.

„Апелираме до политичките субјекти и медиумите да се воздржат од ширење непроверени информации кои предизвикуваат вознемиреност кај пациентите и нивните семејства, особено кога станува збор за чувствителни категории пациенти.

Инаку од ДСЗИ информираат дека согласно член 239-д од Законот за здравствена заштита, Државниот санитарен и здравствен инспекторат четири пати годишно врши инспекциски надзори во јавните здравствени установи, а во врска со евалуацијата на успешноста на здравствената установа, која ја врши Министерството за здравство“.

Во ЈЗУ УК за хематологија последен редовен инспекциски надзор според соопштеното, бил извршен на 04 март 2026 год.

„При надзорот не се констатирани недостатоци по однос на резерви на потрошен медицински материјал (шприцеви, игли, стерилни ракавици, кеси за венепункција..) како и средства за дезинфекција. Во однос на терапијата и третманот на пациентите, одлуките се во надлежност на стручните медицински тимови“.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

Објавено пред

„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска?
Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ.

Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ.

„Затоа и имате проблем со малцинствата во Уставот. Затоа и ја блокирате Европа.
Затоа и не сакате да продолжат преговорите. Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе. Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите како штит за да ја заштитите криминалната империја и да продолжите со пљачката“.

Според СДСМ, македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин.

„Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. Нема враќање назад.

Прикажи повеќе...

Македонија

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија надлежните

Објавено пред

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје.

„Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија“.

Животното, велат од таму, не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби била земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.

„Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст.
Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus)
Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење“.

Надлежните со апел до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец.

„Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“.

И од Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево известија дека официјален ветеринар на агенцијата доцна попладнево спровел вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле.

„Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк“.

Од агенцијата додаваат дека дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Зеленски: Трамп нека го покрене прашањето за прекинување на руската инвазија на состанокот со кинескиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го покани својот американски колега Доналд Трамп да го покрене прашањето за прекинување на руската...

Свет46 минути

Полска ја активира воздушната одбрана, Словачка привремено ја затвора границата: „Ја следиме ситуацијата“

Полска ја активираше својата воздушна одбрана околу 13 часот откако беше пријавен голем руски напад со беспилотни летала врз Украина....

Македонија1 час

Министерство за здравство: На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во...

Свет1 час

(Видео) „Политико“: Трамп отиде во Кина за да побара помош со Иран

Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Шји Џјинпинг се сведени од објавување на „голем договор“...

Свет2 часа

Педијатар во Германија обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница

Педијатар во болница во близина на Берлин е обвинет за 130 сексуални прекршоци, вклучувајќи сексуална злоупотреба и силување на деца,...

Свет2 часа

Руте: Русија е главната закана за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на самитот во Букурешт (Б9) во главниот град на Романија изјави дека Русија...

Свет3 часа

Путин: Русија продолжува да развива нуклеарни сили способни да пробијат секаков штит

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Московскиот институт за термотехника (МИТ), едно од клучните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс, каде...

Македонија3 часа

СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија...

Македонија4 часа

Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија надлежните

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во...