Македонија
Протест за „Монструм“: Превртени контејнери, демонстрантите маваа со камења кон полицијата

Роднините на обвинитите во случајот „Монструм“ на денешниот протест превртуваа контејнери, со камења фрлаа кон полициските возила, скандираа „УЧК, УЧК“ изразувајќи го револтот против барањето на Обвинителството да им се изречат највисоки казни на обвинетите.
Демонстрантите побараа обвинителката Фатиме Фетаи да биде разрешена. Носеа транспаренти и знамиња, маршираа од населбата Чаир до Обвинителството, при што во еден момент ситуацијата излезе од контрола. Тие го искршија стаклото од влезната врата на Министерството за надворешни работи, но по ова реагираа организаторите и протестот заврши.
На протестот се обрати еден од роднините на обвнитетите, кој порача дека не се убијци и дека не сториле дело тероризам.
„Ние сме граѓани тука, од Македонија, не сме имале никогаш проблеми, ниту со соседите. Ние, нашите семејства, не сме едуцирани да убиваме, а најмалку да направиме терористички чин. Ние го осудуваме овој чин, но не сакаме да нè најдат како случајна жртва за да понесеме одговорност“, рече Бедри Ајдари, еден од роднините на обвинетите во „Монструм“
Инаку, случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево. Обдукцијата покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократски сојуз: Масовното прислушување е вршено прку системите на МВР

Во врска со судската одлука за Таргет-Тврдина, за Демократскиот сојуз од исклучителна важност е тоа што после шест години, Судот потврди дека масовното прислушување е вршено преку системите на Министерството за внатрешни работи, соопшти партијата.
„ Злоупотребена е власта за незаконито и неовластено прислушување на обични граѓани, новинари, бизнисмени, носители на политички и државни функции и многу други, со што директно се загрозени приватноста и основните права и слободи. Прислушувањето е вршено од политички и бизнис интереси, желбата да се владее и да се има неограничена моќ.
Одлуките за осудените нема да ги коментираме почитувајќи го начелото на пресумпција на невиност, но тие ќе имаат силна генерална превенција, во иднина никој да не се осуди да ги крши правата на граѓаните преку нивно неовластено прислушувајте, следење и сл“ додаваат од партијата.
Овој и другите процеси, како што велат, беа проследени со бројни недоследности, непринципиелности, политички притисоци и договарања.
Според Демократскиот сојуз, многу институции потфрлиле, многумина непрофесионално се однесувале, се кршеле и закони, затоа велат дека мора да се истражат докрај и системските грешки, но и кривичната одговорност на сите кои овие шест години ја опструираа правдата.
Криминалот е зло со кое мора да се справиме, мора да изградиме ефикасен систем за борба против криминалот, криминално стекнатиот имот да се конфискува и задолжително да се изрекува мерка забрана на политичко дејствување, порачаа од Демократски сојуз.
Македонија
(Во живо) Тензии на протестот за „Монструм“: Полициски кордон го спречи движењето на демонстрантите

Семејствата на осудените за „Монструм“ нема да можат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата после Бит-пазар.
Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој беше најавен со рута од Чаир до кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите кај Бит-пазар беа пречекани од кордони од стотици полицајци.
Роднините протестот го најавија во вторникот, во знак на револт против изречените затворски казни.
Семејствата на осудените излегоа на протест откако на повтореното судење Кривичниот суд изрече три доживотни казни за тероризам, една казна затвор на 15 години и една на 9 за петкратното убиство во 2012 година на Смилковското Езеро.
Агим Исмаиловиќ, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири треба да одлежат доживотно, но последните двајца се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.
За шестиот обвинет, Сами Љума, обвинението беше отфрлено, поради немање докази, а трошоците за неговото судење паѓаат на грб на државниот буџет.
До правосилност на пресудата, осудените остануваат во притвор.
Адвокатите на обвинетите најавија дека ќе ја обжалат одлуката и дека ќе се повикуваат на пресудата на Врховен суд, со која се ослободени обвинетите.
Во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток. Кај Смилковското Езеро беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и Борче Стефановски.
Македонија
(Видео) Одбележување на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Претседателот Стево Пендаровски положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска положија свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.
Владата ја прифати иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“. Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.
Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров“ и Орденот „Борис Трајковски“ ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер