Македонија
Протест за скандалот на Онкологија: Остануваме на шесте ултиматуми како и досега
Платформата „Одговорност“, која од минатиот протест ја презема целокупната организација на протестите за сознанијата од Онкологија, и денеска повикува во 18 часот пред Владата на Македонија.
„Платформата ‘Одговорност’, повторно ќе потенцираме, е формирана од неколку граѓани што имаат изгубено член од семејството на Клиниката за онкологија и нема никаква политичка заднина“, велат од таму.
„Од минатата недела добивме и поддршка од онколошките пациентки, кои веќе некое време протестираат пред ОЈО. До 1 ноември остануваме со протести секој понеделник во 18 ч пред Владата на Македонија, а по 1 ноември, во консултација со онколошките пациентки ќе излеземе со соопштение на кој начин ги продолжуваме протестите.
Денес, 9.10.2023, на протестот нема да се обратиме ние организаторите бидејќи се подготвуваме за следниот протест на 16.10.2023, каде што ќе се обратиме со најновите информации и сознанија од Клиниката за онкологија.
Изминатава недела остваривме и контакт со неколку медицински лица и сме во постојана соработка со истражувачките новинари, кои ја почнаа оваа сторија, и згрозени сме од најновите сознанија. На 16.10.2023 ќе ги обелодениме дел од нив со вас медиумите и со јавноста.
За крај, остануваме на шесте ултиматуми како и до сега“, се додава во соопштението од организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

