Контакт

Македонија

Две лица уапсени на протестот за скандалот со кражбата на лекови на Онкологија

Објавено пред

Две лица се уапсени на денешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на онкологија.

dobivaj vesti na viber

За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

„Двајца активисти на Црвена Младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој попладнево присуствуваше на протестот.

„Макфакс“ побара одговор од МВР, од каде што потврдија дека биле приведени две лица, а потоа пуштени дома.

„Денеска 04.09.2023 г. во 20.10 часот поради сторен прекршок приведени се лицата П.З. и Ј.Ј.. Сочинети им се Мандатни платни налози и ослободени се во 21.00 часот“, велат од МВР за „Макфакс“.

Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.

Скопје

Уште 20 нови дигитални услуги на интернет страницата на општина Кисела Вода

Објавено пред

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби, поставување директни прашања до градоначалникот или до советниците се едни од 20 нови дигитални услуги што општината Кисела Вода ги воведе денеска.

dobivaj vesti na viber

Овие услуги се достапни на новата општинска интернет страница и со ова продолжува дигитализацијата на општината започната пред речиси две години.

„Дигитализацијата на општината претставува значаен чекор кон подобрување на транспарентноста, отвореноста и ефикасноста на локалната самоуправа. Воведувањето на дигитални услуги овозможува значително олеснување на процедурите за граѓаните и бизнис заедницата и истовремено го намалува ризикот од коруптивни дејствија. Овие промени ја поставуваат основата за една модерна, ефективна и отворена општина која е насочена кон потребите на своите граѓани“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Со новите услуги ќе биде овозможено следење на системот на јавни набавки, плаќање на такси поврзани со општината.

„Нема да има повеќе уписи преку врски во градинки. Родителот од дома ќе може да аплицира, да наведе за која градинка е заинтересиран и за истата да аплицира. Со тоа и ние како локална самоуправа точно ќе знаеме во секој момент колкав број на деца има за упис, каде има потреба од отворање на дополнителни капацитети. Преку се апликациите “Прашај го градоначалникот” и „Прашај го својот советник“ нашите жители ќе можат да комуницираат во прво лице со лицата кои ги избрале да ги решаваат нивните проблеми“, додаде Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Објавено пред

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето на договорот од Преспа,.

dobivaj vesti na viber

Од говорницата во Собранието тој изрази несогласување со договорот од Преспа велејќи дека се работи за правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето, пренесуваат грчките медиуми.

„Јас не само што немав учествувано во договорот, туку дополнително не можев да имам никакво учество од едноставна причина што суштински не се согласувам со договорот од Преспа, кој е правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето“, нагласи министерот за надворешни работи.

Герапетритис сепак додаде дека договорот со сите проблеми претставува меѓународно право, кое мора да го почитуваат бидејќи во согласност со Уставот е над секоја друга законска одредба.

Ја пофали грчката дипломатија, која издејствувала брза реакција на европските институции по инаугирацијата на Гордана Силјановска-Давкова, која на свеченоста го употрби името Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ39 минути

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет53 минути

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 часа

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 часа

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет3 часа

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет4 часа

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа4 часа

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија14 часа

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија18 часа

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија19 часа

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија19 часа

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија20 часа

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Според објавената анкета на Центарот за aнкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 отсто...

Економија20 часа

Германските компании ги испорачаа своите желби до новата влада: „Бизнис-климата е добра, но недостигот на стручни кадри е најголем ризик за инвестирање

Бизнис-климата во земјата е добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од...

Македонија21 час

Митровски објави дека адвокат му починал пред очите: „Помодре и не даваше значи за живот, колега почина на работното место“

Адвокатот Јанаки Митровски преку својот фејсбук-профил сподели информација за тоа дека во Граѓанскиот суд, односно на судење, починал негов колега...

Регион22 часа

„Секој треба да си го сработи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија за економска и демократска трансформација на...

Македонија1 ден

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Љупчо Палевски-Палчо, првосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по синоќешната екстрадиција, го издржува 30-дневниот притвор што му...

Македонија1 ден

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Грчкиот парламент нема да ги ратификува трите меморандуми од договорот од Преспа сè додека не постои целосно усогласување со одредбите. Oтстапувањето...

Македонија1 ден

Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шуто Оризари

Љупчо Палевски-Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ја помина првата ноќ во...

Свет1 ден

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...