Македонија
Протест за случајот „Монструм“ во Скопје, улиците ќе бидат блокирани три часа
Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште, Обвинителството побара највисоки казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Полицијата потврди дека за денеска е закажан протест со почеток во 13:30 часот, кој ќе почне од паркот Чаир со движење по улицата Цветан Димов, во продолжение по булеварот Крсте Мисирков, десно по булеварот Гоце Делчев заедно со група која то ќе се собира пред „Скендер бег“ ќе се упати по улицата Филип Втори Македонски до OJO во траење од три часа.
„Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13:0 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: булеварот Христијан Тодоровски Карпош, улицата Џон Кенеди, улицата Цветан Димов, булеварот Гоце Делчев и улицата Филип Втори Македонски, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

