Македонија
Протест пред домот на Пешевски, учесниците извикуваат „предавник“
Триесетина граѓани со знамиња и патриотски песни се собраа пред зградата на ексфункционерот Владимир Пешевски каде што извикуваат „предавник“.
Тие прочитаа писмо кое сакаа да му го предат лично на Пешевски и да влезат во неговиот дом, но полицијата ги спречи во ваквата намера.

„Македонскиот народ не поддржува насилничка промена на името. На сите ни е јасно дека сте под притисок и закани кои не ги издржавте, но имајте ги предвид националните интереси. Срамно е да повикувате пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во националното предавство. Со вакви поранешни функционери сме пример за ненормална држава. Со кое право барате да се менува името? Народот ќе ве чува ако ви се закануваат, излезете да ја спасиме Македонија заедно“, порачаа од „Македонија блокира“ и го повикаа ексминистерот Владимир Пешевски да излезе и да го прими нивното писмо.
Протестот велат дека е реакција на отвореното писмо на Пешевски во кое повика на помирување и поддршка за уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
