Контакт

Македонија

Професорите на ФОН се жалат дека не добиле плата од јули: „Изложени сме на финансиски тешкотии и нехуман третман“

Објавено пред

Професорите и вработените на Универзитетот АУЕ-ФОН, во отворено писмо до јавноста, УЈП, Министерството за образование и со инспекторите информираат дека континуирано не им се исплаќани платите, а вработени постојано си заминуваат.

dobivaj vesti na viber

Велат дека последната исплатена плата на Универзитетот е за јули 2023 година, а следува по речиси 5 неисплатени плати за претходниот период од оваа година.

„Ова продолжено неисплатување на платите (кое трае во континуитет неколку години) предизвикува огромни финансиски тешкотии и психички нарушувања помеѓу нашите вработени. Платите на сите им беа сведени на апсолутен минималец за време на пандемијата, а профитот што го оствари Универзитетот беше пренасочен кон странски инвеститори, кои, како што магично се појавија, така уште помагично ги снема. Уште поалармантен е нехуманиот третман на кој беа изложени некои од вработените во овој период. Универзитетскиот менаџмент во континуитет применува тактики на внесување раздор, притисоци за откажување од работна позиција и префрлање на договор на дело, кои ги оставија нашите колеги во состојба на постојана вознемиреност. Заканите за раскинување на договорот се особено насочени кон оние што се осмелуваат да зборуваат за внатрешните проблеми на Универзитетот поттикнувајќи клима на страв и тишина“, велат професорите во писмото.

Покрај тоа, како што се додава, менаџментот на Универзитетот АУЕ-ФОН постојано не успева да обезбеди соодветно медицинско осигурување на своите вработени. Овој пропуст во обезбедувањето соодветна здравствена покриеност, велат професорите, резултирал со одложени дијагнози и хронични здравствени проблеми за многу од колегите, што претставува тешко кршење на нивните основни права на здравје и благосостојба.

Вработените, дополнително, во писмото изразуваат и сомнеж дека Универзитетот поседува ресурси што не се распределуваат за заслужените плати. Наместо тоа, се додава во писмото, се чини дека овие ресурси се пренасочени за да се финансираат екстравагантните животни стилови на раководството и неколку избрани поединци во рамките на Универзитетот, но и чудни бизнис-договори од кои наставно-научниот процес нема никаква придобивка, а најмала придобивка имаат нашите ценети студенти.

„Бараме транспарентност, одговорност и правда. Ништо помалку не заслужуваат професорите на Универзитетот АУЕ-ФОН, како и посветените вработени, кои неуморно придонесуваат во неговата мисија. Ние постоиме и работиме за нашите студенти, но не и за бизнис-интересите на малкумина, кои го имаат окупирано Универзитетот со години“, се додава во писмото.

„Макфакс“ побара одговори од Универзитетот ФОН на што се должи неисплаќањето на платите, од каде што добивме потврда дека го добиле имејлот, но засега нема одговор.

Македонија

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Недовербата што Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее да биде приватен клуб за заштита на луѓето што ја уништија правдата и институциите во Македонија.

Нема да дозволиме правниот систем да биде блокиран поради политички калкулации. Разрешените членови мора веднаш да се повлечат и да ја почитуваат одлуката на највисокото законодавно тело во државата.

Владеењето на правото мора да биде водечка сила во општеството!

Досегашната практика на партиско контролирање на судството од страна на поранешната власт мора да заврши, а судските институции конечно да работат во интерес на граѓаните.

Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно Уставот и законите! Судскиот совет мора да биде независен, кредибилен и ослободен од политички влијанија. Ова е момент кога треба да покажеме дека правдата е возможна и дека институциите ќе работат во служба на народот.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите во правниот систем и на обезбедување вистинска правда за сите граѓани“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер партнерите на СДС, ДУИ и мазут мафијата која го труела народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит. Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино сториле криминал тежок 167 милиони.
Тендер партнерите на СДС и ДУИ го труеле народот со канцероген мазут, а мазут мафијата изминатите пет години склучила вкупно 1776 договори за јавни набавки во вкупен износ од 137 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, мазут мафијата, додека го труела народот со канцероген мазут, екстра профитирала од криминално злоупотребените државни пари.

„Судскиот систем ги заштитува функционерите од СДС и ДУИ и не дозволува законите да функционираат еднакво за сите, а поради таквите одлуки довербата во правосудството е два проценти. Спрегата правосудство- СДС- ДУИ и мазут мафијата, мора да се прекине. Неопходни се суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото и правдата мора да функционира. Неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Одговорноста за високите сметки на струјата е кај Владата на Мицкоски

Објавено пред

„Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%. Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата. Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните. Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот. Затоа граѓаните плаќаат 30% поголеми сметки за струја“, велат од СДСМ и додаваат:

dobivaj vesti na viber

„Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра. СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби. Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски. Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски. Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста. Ова е нивен неуспех, нивна вина и нивна директна штета врз стандардот на граѓаните“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет1 час

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Европа2 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет2 часа

(Видео) Џеј Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет3 часа

Кина, Иран и Русија започнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет3 часа

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на Боинг во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...

Свет14 часа

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет16 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија20 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија20 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија21 час

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија21 час

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија21 час

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет21 час

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија22 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија23 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија24 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија1 ден

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет1 ден

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...