Македонија
Прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи
Времето денеска според најавите на УХМР ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6
Во Скопје, се оечкува прoменливо облачно време со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за град.
Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

