Македонија
Работни посети на Прилеп и Крушево на министерот Велковски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/photo_2024-04-03_08-35-28.jpg)
Во рамки теренските посети, техничкиот министер Ѓоко Велковски оствари посета на центрите за социјална работа во Прилеп и Крушево.
„При посетата на Центарот за социјална работа Прилеп се разговараше и се разменија идеи како да го смениме и подобриме системот за социјална заштита. Детектирани се системски недостатоци како и во цела Македонија и тоа ќе биде приоритет за корекција во наредниот период. Центарот се соочува и со зголемен број на предмети и намален број на вработени.
Во крушевскиот центар разговаравме за актуелните состојби со исплатата на гарантираната минимална плата и просторите проблеми кои ги има центарот“, соопштува МТСП.
На средбите со пензионерите во Прилеп и Крушево беше истакнато дека за првпат по 1945 година излегоа на протести во градовите низ Македонија и го дигнаа својот глас за она што им следи како луѓе коишто ги ставиле темелите на оваа држава. Не се живее со 100 денари на ден, велат пензионерите.
„Несистемските мерки коишто на пензионерите им даваат статистичко порамнување на пензиите, се средства со коишто еден пензионер не може да го помине месецот знаејќи колку се покачени цените на производите. Затоа сме и на терен, да ги детектираме работите за да можеме да дадеме реална поддршка и на локалните самоуправи и да обезбедиме подобри услови за сите граѓани“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.