Македонија
Радев на Шарл Мишел му ги повторил бугарските барања за кревање на ветото

Интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ мора да биде одржлив и неповратен процес и изграден на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Радев истакна дека исполнувањето на критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ, обезбедувањето уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари од страна на Северна Македонија, искоренувањето на говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите и зачувување на бугарските културни и историско наследство кај југозападниот сосед, се потребни чекори на нејзиниот пат кон обединета Европа.
Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои нема како да се земат предвид во преостанатите денови до Европскиот совет овој месец, додаде претседателот.
Румен Радев го пофалил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми кои ќе го земат предвид вистинскиот напредок на Северна Македонија во процесот на европска интеграција и ќе ги почитуваат демократските норми и принципи. ЕУ.
За европската перспектива на Република Северна Македонија, претседателот остварил и телефонски разговор со сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија, Александар Шаленберг, пренесе БНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. ( општина Бутел )
во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. ( општина Чаир )
во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. ( општина Карпош )
во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште ( општина Сопиште ) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. ( општина Ѓорче Петров )
во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од
ул. Румена Хаџи Панзова. ( општина Кисела Вода )
во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. ( општина Сопиште )
Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.