Контакт

Македонија

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори.

Меѓу нив се и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.

Заев ќе предложи разрешување и на директорите на „Македонијапат“ – Гајур Кадриу, на Здравствен дом Скопје – Злате Мемедовиќ, потоа на тројца членови на Управниот одбор на МЕПСО – Магдалена Чижбановска, Ненад Крстевски и Томи Божиновски, економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство – Ваљон Бела, на Државниот архив – Кирил Петров и директорот на Агенцијата за лекови МАЛМЕД – Ќамил Ибраими.

Ќе биде предложено разрешување и на директорката на Клиниката за детски болести – Катерина Ставриќ, која веќе поднесе оставка, на директорот на „Европкомпозит“ – Златко Граороски, на директорката на Драмскиот театар – Викторија Рангелова-Петровска, на директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид – Елеонора Новаковска, на Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ – Стојанка Изова и на директорот на Агенција за странски инвестиции – Вулнет Адеми…

На листата се и членот на Надзорниот одбор на Развојната банка – Кирил Колемишевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз – Вулнет Адеми, директорот на ЈП „МЖ – Инфраструктура“ – Ирфан Асани.

На листата за разрешување се и началникот на УКБ – Горан Николовски и заменикот Ариф Асани.

„На некои ќе им понудиме друг соодветен ангажман. Од денеска почнува постапката пред Владата“, рече Заев.

Причините за предлозите за разрешување, според Заев, се сестрани, како недоволна транспарентност, непочитување на процедурите на Владата, некои од нив ќе бидат разрешени поради аферите што биле објавени во јавноста.

Македонија

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

Објавено пред

,,Од самиот старт се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега”, рече обвинителката Лиле Стефанова по одложувањето на денешното судско рочиште за предметот ,,Титаник” на СЈО.

Според неа, СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелираше политичарите да седнат и да го донесат законот за јавното обвинителство.

,,Јас немам намера да конкурирам за шеф на СЈО”, рече обвинителката, одговарајќи на новинарско прашање.

Стефанова појасни дека нема овластување да побара каде моментално е Орце Камчев, осомничениот во ,,Империја”.Затоа повтори дека е важно да се донесе што побрзо новиот закон.

,,Истрагата за ,,Империја” застана со донесувањето на начелното правно мислење на СЈО”, кажа Стефанова пред новинарите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Судењето за „Титаник“ одложено за 4. септември

Објавено пред

По паузата на денешното рочиште за предметот „Титаник“, судијата Осман Шабани ја одложи главната расправа за четврти септември.

Обвинителката Лиле Стефанова побара време за да се произнесе за предлогот за изземање.

Пред паузата, адвокатот Димитар Дангов побара обвинителката Лиле Стефанова да биде изземена од предметот поради притворот на Катица Јанева.

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која, сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејствија во предметот „Рекет“.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во случајот „Титаник“ обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Почина Јордан Костадинов, лидер на ОМО Илинден

Објавено пред

По кратко боледување, во осумдесет и седмата година од животот, почина Јордан Костадинов Иванов во својот дом во Сандански. Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во село Врапче, Пиринска Македонија.

Јордан Костадинов е македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија и познат на македонската јавност и на Македонците во светот. Како македонски национален активист во периодот до деведесеттите години од минатиот век бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови.

Во 1990 е еден од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на Македонците во Бугарија како бескомпромисен и смел борец за македонската кауза. Лично, со неговите соборци од организацијата, во повеќе наврати поведе судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и повеќепати во Бугарија беше осуден за кршење на човековите права.

Погребот на Јордан Костадинов ќе биде утре во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

(Видео) Албанија: Со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик којшто на 21 август нападна шпански туристи и со телото...

Македонија1 час

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

,,Од самиот старт се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не...

Македонија2 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 часа

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа3 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет3 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион4 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет4 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет6 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија15 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија17 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа20 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ1 ден

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Досие