Македонија
(Видео) Рангелова му замери на Заев што неговите братучеди не аплицирале за грант за ајвар
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на денешната собраниска седница го праша премиерот Зоран Заев дали СДСМ нема други луѓе кои можат да ги заменат функционерите во Фондот за иновации, додавајќи дека не сака да слуша за работењето на ексвладата бидејќи СДСМ треба да учи од нејзините грешки.
Според неа, ако скандалот не излегол во јавност, никој немало да ги врати парите. Рангелова му замери на Заев што не дозволил неговите братучеди да аплицираат за грант за производство на ајвар.
„Судир на интереси е ако биде во комисијата и одлучи да додели средства на својата фирма. Овде се работи за етичкиот кодекс. Можам да потврдам и со компанијата ‘Мамас’, која е на моите братучеди. Другите компании за производство на ајвар аплицираат и добиваат средства. Тие не. Тука е етичкиот кодекс. Не аплицирале, нема да аплицираат. Ако треба некого да разрешам, веднаш ќе го направам тоа без да чекам судски одлуки. Овде нема криминал. Законот мора да важи за сите, ама и сите мора да го почитуваат етичкиот кодекс“, рече Заев.
Рангелова се заблагодари на искреноста што премиерот ја покажал во одговорот.
„Мислам дека не сте во право што не сте им дозволиле на роднините да аплицираат за ајварот, но мислам дека фирмата на Анѓушев не требала да аплицира”, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.
Заменик-претседателот Горан Мисоски, кој ја води седницата, даде пауза. Потоа, продолжува седницата за пратенички прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

