Македонија
Расте бројот на заразени од ковид, во моментот активни се 7.836 случаи

Во Македонија во моментот има вкупно 7.836 активни случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје (3.657), Битола (465), Куманово (423), Велес (368), Прилеп (365) и Кавадарци (324).
Досега во земјата се направени 1.404.750 милиони тестирања.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623. Оздравени се вкупно 190.570 пациенти, а починаа 7.217 лица.
Вчера беа пријавени 601 нов случај на зараза од 4.501 тестови.
Најмногу новозаболени повторно има во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 217 случаи. Потоа главниот град следуваат Битола со 68, Велес со 34 и Кавадарци и Куманово по 31.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити денеска ќе ги даде причините за смената на доктор Јовев

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска треба да ги објасни причините за смената на докторото Сашко Јовев.
Меџити предупреди дека нема да дозволи нерегуларности и неработење од страна на директорите на клиниките. Најави дека ќе има и други смени.
„За секој што ќе згреши пред здравствените закони, ќе има одговорност, бескомпромисно. Ова здравство не функционира, јас сум автокритичен. Вложивме многу труд и напор, правиме сѐ за да ги подобриме условите“, вели министерот Меџити.
Докторот Јовев вчера изјави дека целата работа не тргнала како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.
Македонија
Сончево време, попладне со изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, велат од УХМР.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.
Македонија
Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.
Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.