Контакт

Македонија

Рахиќ: Боки само прави драма, немало никаков напад при неговото спорведување во судот

Објавено пред

Затворските службеници не го нападнале Бојан Јовановски при спроводот во судот и покрај неговото објаснување дека доцни оти бил нападнат.

Директорот на КПУ „Затвор Скопје“, Есад Рахиќ вели дека Јовановски не дозволувал да му стават лисици на рацете кога службениците, постапувајќи по правила на службата, требало да го спроведат во судот.

„Прави драма, нема напад. Службениците не смеат глас да кренат на него, а не па нешто друго да направат“, изјави директорот на затворот.

Бојан Јовановски познат на јавноста како Боки 13 на денешното судење задоцни дваесет минути, а кога се појави рече дека причина за доцнењето бил нападот од службениците.

Македонија

Пендаровски го почувствува пулсот на Куманово во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

Објавено пред

Претседателот, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска беше во општина Куманово.

Пендаровски ја посети млекарницата „Бучен Козјак“, формирана во 1983 година, како прва приватна млекарница на територијата на нашата држава. Пред претседателот Пендаровски беше претставен производствениот процес во компанијата, пласманот на производите и идните планови на менаџментот на компанијата.

За време на престојот во Куманово, претседателот се сретна и со вработените во библиотеката „Тане Георгиевски“, која годинава одбележува 75 години од своето постоење.

Пендаровски беше запознаен со работата на библиотеката, која има книжевен фонд од над 226.000 книжевни единици. Во текот на 2019 година е продолжен трендот на пораст на читатели и корисници на услуги. Бројот на регистрирани посети е околу 65.000 на годишно ниво.

Најмладиот член на библиотеката има само година и пол и за него на располагање библиотеката има сликовници и приказни, додека највозрасниот член има 90-тина години.

Претседателот оствари средба и со претставници на невладини организации од кумановскиот регион, како и со локални новинари и дописници, кои го запознаа со нивната тековна работа и предизвиците во финансирањето и функционирањето. Медиумските работници на средбата со претседателот Пендаровски посочија дека во државата изумира дописништвото, но и дека локалните медиуми едвај опстојуваат.

Претходно, претседателот го посети Општинското основно училиште „Толи Зордумис“, каде наставата се одржува на македонски и на албански јазик. Во него е имплементиран Нансен моделот за интеркултурно образование, којшто ги интегрира учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно-образовен процес.

Пендаровски во Куманово се сретна со докторката Нурие Алији, која повеќе од 20 години се грижи за здравјето на жените во овој град. Во моментов таа има 12 илјади пациентки. Авторка е на 23 научни трудови и е носител на Ноемвриската награда на град Куманово.

На средбата таа истакна дека е горда со своите постигнувања, а најголемо задоволство и е да им помага на луѓето. И покрај обемната научна работа, нејзин приоритет се пациентите.

Претседателот посочи дека треба да се истакнуваат позитивните примери во општеството, како што е доктор Алији.

Пендаровски го посети и метеорологот Борис Секирарски, кој повеќе од три децении работи во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во Скопје, а е носител на повеќе домашни и меѓународни признанија за своите иновации.

Секирарски на средбата истакна дека во денешно време е вистинска вештина да се пронајде точен и релевантен извор на податоци и треба да се одбере на кој извор ќе му верувате. Пред претседателот Пендаровски истакна дека целта му е неговите патенти да бидат од корист на граѓаните за навремено и точно следење на метеоролошките состојби.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеите за нивно надминување.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев во СВР Битола порача да се зајакнат мерките против активности што би го нарушиле изборниот процес

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, оствари работен состанок со раководството на СВР Битола.

На состанокот беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето што го опфаќа секторот за внатрешни работи. Од страна на актуелното раководство на секторот беа презентирани последните статистички податоци за криминалитетот кој бележи тенденција на опаѓање.

Министерот ставил акцент на потребата од организирање и спроведување фер и демократски избори со посебен осврт на детектирање активности што би можеле да го нарушат изборниот процес.

Тој изразил надеж дека ваквите мерки ќе бидат во фокусот на полицските службеници во престојниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Вкупно 12 лица се во изолација во своите домови, се чекаат резултати за еден сомнителен случај

Објавено пред

Пациентката на Инфективната клиника, за која вчера беше објавено дека е заразена од коронавирус, се чувствува добро и нема критични знаци, но е во излоација, информира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој нагласи дека во моментот се очекуваат резултати за уште еден сомнителен случај, лице што допатувало од Рим. Резултатите од тестот министерот најави дека ќе бидат објавени за приближно еден и пол час.

Двајаца пациенти, еден возач на товорно возило и една жена што допатувала од Рим, се негативини на коронавирус, додаде Филипче, повикувајќи се на извештаите што беа објавени утрово.

Тој посочи дека одлучено е состојбата на патниците од комбето во кое патувала заразената пациентка да се следи во наредните 14 дена. Тие се вкупно 12 лица, а меѓу нив има и две деца. Се наоѓаат во своите домови во Скопје и во Струмица. Станува збор за здрави луѓе, но сепак се изолирани од контакти со други лица.

Министерот објасни дека во комбето биле вкупно 9 лица, заразената и уште 8 други. Во карантин се 12 бидејќи 8-те патници во меѓувреме имале контакт со уште четворица други.

Утре ќе се направи проверка на здравствените капацитети во случај ако е потребно да се спроведе преместување од домашно сместување во карантин.

Филипче рече дека во моментот нема други што евентуално би биле подложени на тестирања за коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Вкупно 12 лица се во изолација во своите домови, се чекаат резултати за еден сомнителен случај

Пациентката на Инфективната клиника, за која вчера беше објавено дека е заразена од коронавирус, се чувствува добро и нема критични...

Македонија2 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија4 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија4 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија5 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија5 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија5 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија6 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ7 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија7 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија8 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион8 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет8 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет9 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа9 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија9 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија20 часа

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион21 час

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија1 ден

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Досие