Македонија
Регистрирани се 81 новозаразен со коронавирус, нема починато лице
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово – по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип – по 2, Берово, Гевгелија и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Направени се 787 тестови: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-17, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-13, Биотек 27, Систина-7, лабораторија Лаор-2, Синлаб-6, Ремедика-6, Плодност-1, Генеа-1, Никоб лаб-17, ВФВ Медикал-5, Ели медика плус-3, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-4, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 376.
Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 161280, Активни 233
Куманово 18202, Активни 15
Битола 17913, Активни 15
Прилеп 15480, Активни 17
Тетово 14455, Активни 9
Кавадарци 12075, Активни 15
Велес 10794, Активни 18
Охрид 10304, Активни 12
Гостивар 10274, Активни 1
Струмица 8774, Активни 0
Штип 8749, Активни 11
Кичево 6070, Активни 7
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5171, Активни 0
Гевгелија 4876, Активни 3
Неготино 4137, Активни 5
Ресен 3029, Активни 7
Радовиш 2834, Активни 2
Свети Николе 2793, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 1
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1873, Активни 2
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1124, Активни 5
Богданци 1100, Активни 0
Крушево 1037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 798, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадинов тврди дека јавната набавка на електрични автобуси е според закон
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ги отфрла обвинувањата за злоупотреба на јавната набавка на електрични автобуси во вредност од околу 430 милиони денари.
„Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица. Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“, објави тој на „Фејсбук“.
Тој изрази уверување дека овие чекори се спроведени според важечките закони.
„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса. Политички коментар не би сакал да давам“, напиша Костадинов.
Полицијата поднесе кривична пријава против Костадинов, и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси. Од МВР информираат дека биле набавени 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери.
Македонија
Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена „ешерихија коли“ во намаз
Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов” е казнета со 900 евра откако беа пронајдени бактерии во мусаката, а во уште едно училиште во Општина Карпош се откриени бактерии во намаз.
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност. На вонредни здравствени санитарни прегледи упатени се и вработените во кујната, која ќе остане затворена се до добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.
АХВ информира дека ги добиле резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисеви, од работни површини, прибор, машини и од вработените лица во кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов” и од вонредните инспекциски контроли кои беа спроведени во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна.
„Со 600 евра во денарска противвредност и 300 евра за одговорното лице, казнет е операторот со храна бидејќи со земените мостри храна од ОУ ‘Димо Хаџи Димов’ било потврдено дека послужената мусака, не ги задоволува микробиолошките критрериуми за безбедност, односно утврдено е присуство на бактерија (Enterobacteriaceae)“, соопшти АХВ.
Од земените мостри храна и брисеви во рамки на превентивните вонредни контроли во деветте основни училишта, кај една мостра од храна (намаз) утврдено е присуство на бактерија ешерихија коли, за што е наредено намазот да се исфрли од употреба. Два од тестираните брисеви биле позитивни, но, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.
На операторот со храна за утврдените недоследности со превентивните вонредни контроли, изречени му се две парични казни по 900 евра во денарска противвредност ( 600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице), а за непоседување на сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање соодветни технички услови за работа ( немање на топла вода) во две училишни кујни изречена е и вкупна казна од 650 евра во денарска противвредност.
Македонија
Кривични пријави во Гостивар за бесправна градба и фалсификување исправа
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против А.А. (42) од овој град поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „бесправно градење“.
Пријави се поднесени и против фирма од Гостивар за „фалсификување исправа“, како и против Б.И. (33), сопственик и одговорно лице на правното лице, поради сомнение за „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“.
Според МВР, првопријавениот во периодот од 2022 година до 10 февруари 2024 година, како инвеститор, изградил индивидуален станбен објект спротивно на издаденото одобрение за градење.
Во пријавата се наведува дека Б.И. изготвил фиктивен завршен извештај за извршен технички прием, во кој внел невистинити податоци.

