Македонија
Регистрирани 105 нови случаи на коронавирус, починаа 45 лица

Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во:
Скопје – 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 403 оздравени пациенти од: Скопје – 162, Куманово – 42, Прилеп – 33, Битола – 30, Штип и Кочани – по 22, Тетово – 18, Велес – 17, Струмица – 12, Гостивар и Гевгелија – по 6, Радовиш – 4, Кичево, Пробиштип, Свети Николе, Валандово и Кратово – по 3, Ресен, Струга, Берово, Виница и Богданци – по 2, Кавадарци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29.03-10.04.2021.
Направени се 946 тестови преку: ИЈЗ-72, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември -5, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 44, Жан Митрев (Филип Втори) – 68, Авицена -147, Биотек – 109, Систина – 153, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 3, Ремедика – 0, Плодност – 33, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 191.
Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67459, активни 6514
Куманово 8558, активни 1033
Прилеп 8180, активни 621
Тетово 7123, активни 540
Битола 6166, активни 910
Велес 5409, активни 495
Гостивар 5120, активни 342
Кавадарци 5115, активни 364
Штип 4895, активни 343
Охрид 4915, активни 455
Струмица 4017, активни 478
Струга 2943, активни 155
Кочани 2727, активни 207
Кичево 2475, активни 255
Гевгелија 2177, активни 224
Неготино 2159, активни 184
Свети Николе 1493, активни 113
Крива Паланка 1208, активни 60
Ресен 1211, активни 192
Радовиш 1090, активни 96
Берово 1015, активни 47
Делчево 952, активни 84
Дебар 931, активни 37
Виница 824, активни 128
Пробиштип 774, активни 31
Валандово 660, активни 56
Богданци 491, активни 60
Крушево 481, активни 98
Демир Капија 394, активни 24
Демир Хисар 388, активни 67
Кратово 353, активни 6
Македонски Брод 355, активни 18
Пехчево 262, активни 17
Македонска Каменица 233, активни 16
Дојран 132, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив

„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ.
„Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер примена на законот, ниту основна еднаквост.
Дури и овој навредлив предлог-закон не се испраќа во Собранието, што укажува на понижувањето и недостаток на капацитет од страна на остатоците на ВЛЕН.
„Влен“ досега покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив ангажирајќи ја Каракамишева да изготви навредлив закон, кој потоа и самите не се осмелуваат да го достават до Собранието.
ДУИ бара од надлежните институции и од меѓународниот фактор внимателно да ја следат оваа ситуација и да реагираат на назадувањето на правичната застапеност на Албанците во јавните институции“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за култура, Зоран Љутков, вчера ја посетија Мала Преспа и општина Пустец – домот на македонското малцинство во Албанија. Во рамки на посетата, министрите остварија топли и конструктивни средби со локалното население и присуствуваа на свеченото отворање на фестивалот „Македонско културно лето“, каде настап имаше Велешкиот театар.
„Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува. Благодарение на официјалниот статус на македонскиот јазик, двојазичното образование, активната дипломатска и прекугранична поддршка од нашата Влада – заедно со посветеноста и ангажманот на локалното население – македонската заедница во Албанија успева да ја зачува својата уникатност, да ја негува врската со матичната земја и да гради мостови на пријателство меѓу двете држави“, истакна министерот Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.
На средбите со Македонците од Албанија, министерот ги сослуша нивните предизвици и се обврза дека поддршката од државата нема да остане само на декларативно ниво.
„Преку конкретни проекти и активности, ќе продолжиме да ги јакнеме врските на дијаспората со татковината. Само така ќе ја чуваме и пренесуваме македонската историја, култура и традиција во овој значаен дел од Балканот“, порача Муцунски.
Министерот упати искрена благодарност за поканата и срдечниот пречек и истакна дека секогаш со задоволство ќе се враќа во Пустец – помеѓу Македонците во Албанија.
Македонија
Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со жителите од строгиот центар разговараше за најгорливите урбани предизвици: сообраќајниот метеж, загадениот воздух и потребата од алтернативен превоз.
„Она што секојдневно го отежнува животот во Центар е хаосот во сообраќајот. Затоа вложуваме во решенија за почист воздух и подобар квалитет на живеење“, истакна Герасимовски.
Тој потсети дека Центар е првата општина што воведе субвенции за алтернативен превоз, велосипеди, електрични велосипеди и тротинети, мерка што се надградува од година во година:
„Во мојот мандат воведовме и субвенции за дополнителна опрема, за што интересот постојано расте. Само годинава, од предвидените 600.000 денари за велосипеди, веќе се субвенционирани 197 граѓани”, рече Герасимовски, посочувајки дека во последните три години се дадени субвенции за над 500 велосипеди.
„Жителите на Центар заслужуваат модерен и одржлив град. Затоа продолжуваме со инвестиции во алтернативен превоз, почиста животна средина и поздрав начин на урбано живеење“, порача Герасимовски.