Македонија
Регистрирани 115 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.652 теста, а регистрирани се 115 нови случаи на Кодив-19: Скопје – 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 99 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар, Ресен, Куманово и Делчево – по 3, Прилеп, Кавадарци и Пробиштип – по 2, Неготино, Кочани и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.652 тестапреку: ИЈЗ-223, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-47, Биотек-111, Систина-50, лабораторија Лаор-26, Синлаб-20, Ремедика-18, Плодност-18, Генеа-11, Никоб лаб-79, ВФВ медикал-11, Ели медика плус-13, Ројал медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 696.
Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.413, бројот на оздравени пациенти е 300.532, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 594.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145.917, Активни 257
Куманово 16.648, Активни 12
Битола 15.487, Активни 121
Прилеп 14.178, Активни 31
Тетово 13.464 , Активни11
Кавадарци 10.659, Активни 19
Велес 9.777, Активни 16
Гостивар 9.594, Активни 13
Охрид 8.872, Активни 30
Струмица 8.068, Активни 14
Штип 8.033, Активни 12
Кичево 5.631, Активни 9
Кочани 5.079, Активни 4
Струга 4.721, Активни 5
Гевгелија 4.412, Активни 8
Неготино 3.681, Активни 2
Ресен 2.733, Активни 13
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.530, Активни 2
Крива Паланка 2.414, Активни 1
Делчево 1.980, Активни 1
Дебар 1.674, Активни 1
Берово 1.660, Активни 1
Валандово 1.488, Активни 3
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 832, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени.
Во следните денови ќе продолжи сончево и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.
Македонија
Муцунски: Автокефалноста на МПЦ ни носи духовна радост и душевен мир

Честитки по повод упатувањето на томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Аерхиепископија од страна на светиот синод на Српската Православна Црква, упати градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
„ Искрено посакуваме и веруваме дека наскоро ќе следи официјалното прогласување на автокефалноста на нашата вековна Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Овие значајни одлуки и благопријатни вести ни носат голема радост, духовен мир и надеж за поубава и посветла иднина на сите нас во татковината, на сите Македонци ширум светот и на целиот христијански православен свет“ напиша Муцунски.
Македонија
Павле Трајанов: Автокефалноста на МПЦ-ОА е чин со историски димензии

Денес се случи историски пресврт, тоа што не беше можно со децении, се случи: Српската православна црква ја обнароди одлуката за признавање, одобрување и потврдување на Автокефалност на Македонската православна црква, соопшти лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
„ Ова е чин со историски димензии и патоказ за тоа како се гради заедништво, респектирање на посебностите и разликите.
Македонската православна црква е вековниот чувар на Македонскиот национален идентитет, на сплотеноста и единството, како и силен поддржувач и градител на Македонија.
Честитки до поглаварот г.г.Стефан, светиот синот и сите верници.
Во овие тешки времиња за Европа и Балканот, автокефалноста на МПЦ нека биде поттик и за мирно разрешување на сите отворени прашања помеѓу балкансите народи“ порача Трајанов.