Македонија
Регистрирани 121 новозаразен, најмногу во Скопје и Охрид
Денеска, регистрирани се 121 новозаразен од Ковид-19, оздравени се 142 пациенти, а починати се 3 лица.
Во последните 24 часа се направени 1.410 тестирања, а регистрирани се 121 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 33, Охрид – 11, Крива Паланка – 9, Куманово – 8, Штип – 6, Тетово – 6, Струга – 6, Битола – 6, Кочани – 5, Кавадарци – 4, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Делчево – 3, Велес – 3, Струмица – 3, Свети Николе – 2, Прилеп – 2, Радовиш – 1, Крушево – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Виница – 1 и Кичево – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 50, Куманово – 32, Штип – 7, Прилеп – 11, Тетово – 4, Струга – 4, Велес – 2, Охрид -2, Кавадарци – 2, Гостивар – 12, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Радовиш – 1, Кочани – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 2, Виница – 2, Делчево – 2, Кратово – 1, Свети Николе – 1 и Кичево – 2.
Починати се 3 лица – двајца пациенти од Прилеп (63 и 83) и еден пациент од Струга (60). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414, бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.210, активни 571
• Куманово 1.562, активни 206
• Дебар 264, активни 31
• Штип 1.197, активни 89
• Прилеп 534, активни 129
• Тетово 1.266, активни 107
• Струга 610, активни 61
• Велес 284, активни 22
• Битола 237, активни 46
• Охрид 388, активни 62
• Кавадарци 195, активни 28
• Гостивар 829, активни 95
• Гевгелија 80, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 86, активни 31
• Крива Паланка 71, активни 27
• Радовиш 49, активни 8
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 174, активни 43
• Пробиштип 91, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 81, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 70, активни 34
• Валандово 11, активни 3
• Виница 85, активни 26
• Делчево 115, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 23, активни 4
• Свети Николе 304, активни 26
• Кичево 287, активни 39
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.410 теста се преку: ИЈЗ – 310, ЦЈЗ Скопје – 23, „Авицена“ – 212, „Биотек“ – 248, МАНУ – 177, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 140, „Систина“ со PCR-метода – 173, лабораторија „Лаор“ – 61, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 35, Инфективна клиника – 6, ГАК – 14, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 11, а во болницата во Штип – 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 129 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 51
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 68
• Центар – 61
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 33
• Бутел – 43
• Шуто Оризари – 20
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен – 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фокус на менталното здравје на децата и младите на „Денови на психологијата“
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност.
Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите.
Комората упати јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности што ќе се одржуваат од 1 до 10 декември 2025 година.
Агендата за „Денови на психологијата 2025“ ќе биде достапна на официјалните страници Instagram: denovinapsihologija и Facebook: Денови на психологија, каде ќе се објавуваат датумите, термините и локациите на настаните, информации за онлајн вебинарите и извештаи од реализираните активности.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.

