Македонија
Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1 лице.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1 лице.
Не се регистрирани нови починати лица, известуваат од Министерството за здравство.
Направени се 2.802 теста преку: ИЈЗ – 178, ЦЈЗ Скопје – 54, ЦЈЗ Битола – 53, ЦЈЗ Прилеп – 27, ЦЈЗ Тетово – 19, ЦЈЗ Куманово – 37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 24, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 184, „Авицена“ – 219, „Биотек“ – 379, „Систина“ – 122, лабораторија „Лаор“ – 189, „Синлаб“ – 41, „Ремедика“ – 40, „Плодност“ – 65, „Генеа“ – 24, „Никоб лаб“ – 507, „ВФВ медикал“ – 24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 612.
Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.627, активни 167
Куманово 8.872, активни 49
Прилеп 8.322, активни 32
Тетово 7.239, активни 32
Битола 6.304, активни 16
Велес 5.471, активни 3
Гостивар 5.180, активни 13
Кавадарци 5.153, активни 0
Охрид 5.014, активни 22
Штип 4.960, активни 3
Струмица 4.114, активни 7
Струга 2.981, активни 4
Кочани 2.791, активни 4
Кичево 2.588, активни 34
Гевгелија 2.195, активни 2
Неготино 2.184, активни 3
Свети Николе 1.523, активни 0
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.222, активни 2
Радовиш 1.161, активни 7
Берово 1.029, активни 0
Делчево 973, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активен 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активен 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активен 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активен 1
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

