Македонија
Регистрирани 557 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирањa, а регистрирани се 557 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10, Кратово – 8, Свети Николе – 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово – по 1.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од: Скопје – 281, Куманово – 39, Битола – 33, Тетово – 27, Струмица – 24, Кавадарци и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Прилеп – 14, Радовиш – 12, Дебар – 11, Штип – 10, Ресен и Крива Паланка – по 9, Пробиштип – 7, Велес и Кочани – по 5, Неготино и Валандово – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3, Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г).
Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Направени се 3.885 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија – 16, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-213, Биотек-240, Систина-114, лабораторија Лаор-170, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност–37, Генеа-15, Никоб лаб-451, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-52, Ројал Медика –15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.696.
Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 80304, Активн 5764
Куманово 10900, Активн 901
Тетово 10698, Активн 1069
Прилеп 8859, Активн 272
Гостивар 7903, Активн 598
Битола 6897, Активн 237
Велес 5994, Активн 275
Охрид 5751, Активн 625
Кавадарци 5686, Активн 188
Струмица 5546, Активн 498
Штип 5504, Активн 229
Кичево 3855, Активн 489
Струга 3740, Активн 650
Кочани 3105, Активн 125
Гевгелија 2342, Активн 67
Неготино 2287, Активн 38
Свети Николе 1807, Активн 118
Ресен 1492, Активн 110
Радовиш 1461, Активн 114
Дебар 1435, Активн 160
Крива Паланка 1337, Активн 50
Берово 1188, Активн 53
Делчево 1102, Активн 63
Виница 997, Активн 43
Пробиштип 886, Активн 42
Валандово 777, Активн 31
Богданци 540, Активн 19
Крушево 518, Активн 15
Кратово 520, Активн 62
Македонски Брод 458, Активн 31
Демир Хисар 420, Активн 12
Демир Капија 406, Активн 4
Пехчево 309, Активн 11
Македонска Каменица 287, Активн 17
Дојран 139, Активн 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.
Македонија
Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез.
Осврнувајќи се на нашите евроинтеграции, Сиљановска-Давкова посочи на тешките македонски компромиси коишто треба да бидат соодветно вреднувани од Европската Унија и истакна дека влезот во ЕУ ќе биде корисен и за самата Унија, и за земјите кандидати коишто дополнително ќе ја стабилизираат.
Таа оцени дека Шпанија е важен партнер на земјава во рамки на НАТО, ООН, ОБСЕ и изрази благодарност до владата на Санчез и Шпанија за доследната поддршка на македонските аспирации за членство во Европската Унија.
Реафирмирајќи ја посветеноста на државава кон евроинтегративниот пат, Сиљановска-Давкова ја повтори позицијата дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во пристапниот процес. Имајќи ги предвид турбулентните геополитички процеси во светот, таа укажа на потребата од одржување на кредибилитетот на политиката на проширување и нагласи дека регионов кој историски, географски и културно припаѓа на ЕУ, треба што поскоро да се интегрира во европското семејство.
Претседателката со задоволство ја прими информацијата од премиерот Санчез дека Шпанија е заинтересирана за зголемена економска соработка во делот на туризмот, инфраструктурата, земјоделието, енергетиката, соларната енергија и управувањето со водните ресурси.
Двајцата соговорници разговараа за соодветно одбележување на учеството на македонски борци во Шпанската граѓанска војна.
Македонија
Муртезани-Старовиќ: изразена подготвеност за заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска на маргините на Самитот посветен на Планот за раст на ЕУ што се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за европски интеграции на Република Србија, Немања Старовиќ. Во оваа прилика, Муртезани му честиташе на министерот Старовиќ за неодамнешното именување на функцијата и изрази уверување дека заедничките напори ќе продолжат со нова динамика и проактивност во насока на унапредување на европската агенда на регионот.
Муртезани и Старовиќ разговараа за продлабочување на билатералната соработка, особено во контекст на спроведувањето на Планот за раст, кој претставува заедничка можност за засилување на регионалната економска поврзаност и приближување кон европските политики. Посебен акцент беше ставен на досегашната соработка врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства, како и на новите можности за иницијативи од заемен интерес, вклучително и прекуграничните програми за развој и инфраструктурно поврзување.
Министрите го нагласија значењето на доследна и координирана примена на европските реформи во регионот, како предуслов за реализација на економските и институционалните придобивки предвидени со новиот пристап на ЕУ. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на блиската комуникација и заедничко делување кон целосна европска интеграција на двете земји.