Македонија
Регистрирани 72 новозаразени со коронавирус, починаа 3 лица
Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 24, Куманово – 6, Дебар – 4, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 9, Велес – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Виница – 1, Делчево – 3, Свети Николе – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје – 8, Куманово – 7, Штип – 4, Тетово – 1, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 2, Охрид – 4, Гостивар – 11, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 1, Берово – 1, Виница – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 2.
Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44 г.), пациент од Гостивар (58 г.) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79 г.). Сите се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905. Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6177, активни 588
• Куманово 1554, активни 230
• Дебар 264, активни 31
• Штип 1191, активни 90
• Прилеп 532, активни 140
• Тетово 1260, активни 105
• Струга 604, активни 60
• Велес 281, активни 21
• Битола 231, активни 40
• Охрид 377, активни 53
• Кавадарци 191, активни 26
• Гостивар 825, активни 103
• Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 30
• Крива Паланка 62, активни 18
• Радовиш 48, активни 8
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 169, активни 39
• Пробиштип 91, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 80, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 69, активни 35
• Валандово 10, активни 2
• Виница 84, активни 27
• Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 6
• Свети Николе 302, активни 25
• Кичево 286, активни 40
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со PCR-метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 56
• Гази Баба – 75
• Аеродром – 98
• Карпош – 68
• Центар – 65
• Кисела Вода – 55
• Ѓорче Петров – 37
• Бутел – 39
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Жерновски: Не техничка пауза, туку предупредување е одлуката на САД за суспендирање на визите за македонските граѓани
Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани претставува политички сигнал и предупредување, а не техничка пауза, порача СДСМ на денешната прес-конференција.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека оваа одлука е аларм кој покажува дека политиките на изолација скапо ја чинат државата. Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски изминатите 24 часа не дал одговор зошто Македонија се нашла на листата на САД.
„Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата партија, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски. Се случи уште една грешка, уште еден трагикомичен настап на политичар којшто многу зборува а ништо не кажува, персонификација на денешната киндер дипломатија. Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски, кој заврши на црната листа, Мицкоски за жал ја стави целата држава на црната листа. Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување“, рече Жерновски.
Според Жерновски, одлуката на САД не треба да се релативизира, бидејќи, како што рече, станува збор за јасен дипломатски и политички сигнал дека Вашингтон внимателно ја следи состојбата во земјата и дека гледа проблеми во функционирањето на институциите.
Тој оцени дека, наместо најавуваните „одлични и специјални односи“ со САД, Македонија завршила, како што рече, во „периметарот на Сомалија“ и во категорија „трет свет“, што, според него, ја зголемува недовербата на граѓаните и ја влошува економската перспектива, особено за младите.
Жерновски наведе дека САД испраќаат порака дека не се задоволни од капацитетот на државата, дека постои недоверба во институциите, особено во безбедноста и документацијата, како и дека се очекуваат реформи кои не се спроведуваат.
Во продолжение, тој оцени дека надворешната политика на Владата е сведена на активности на најблиските соработници на премиерот, посочувајќи го Иван Стоилковиќ, за кого рече дека има врски со структури блиски до Русија.
СДСМ обвини дека паралелно се води и анти-ЕУ кампања, при што, наместо реформи, намерно се отвораат судири со соседите Грција и Бугарија и повторно се отвораат затворени прашања, со цел да се оправда изолацијата на државата.
Според партијата, мерката на САД е дипломатски сигнал и политички аларм кој укажува каде реално се наоѓа Македонија на меѓународната мапа. Во тој контекст беше спомнат и најавениот Закон за Западен Балкан, насочен кон борбата против криминалот и корупцијата.
Од СДСМ порачаа дека ќе продолжат, како што рекоа, јасно и гласно да ја разоткриваат, според нив, опасната агенда на Владата и политиките кои ја носат државата во изолација и го загрозуваат стратешкото партнерство со САД.
Македонија
Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа
Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.
„Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво согласно Кривичниот законик. По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек“.
Македонија
Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје.
Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот, за потребите на сеизмолошките истражувања, да го пополнат прашалникот за почувствуваност на официјалната интернет-страница на опсерваторијата или да се јават на бројот 112.

