Македонија
Регистриран 141 случај на новозаразени, починаа четворица пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и еден во Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кичево-11 и еден од Македонски Брод.
Починати се четворица пациенти, двајца од Скопје (54 и 55 години), пациентка од Кавадарци (69) и пациент од Свети Николе (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројката на оздравени пациенти е 9,123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991. Денес се евидентираат три контролни теста. Во согласност со новите бројки, статистиката на активни случаи по градови и следна:
• Скопје 5.373, активни 1.007
• Куманово 1.252, активни 262
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1.042, активни 275
• Прилеп 358, активни 37
• Тетово 1.129, активни 152
• Струга 521, активни 187
• Велес 243, активни 28
• Битола 183, активни 75
• Охрид 307, активни 80
• Кавадарци 148, активни 106
• Гостивар 625, активни 266
• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 49, активни 20
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 37, активни 9
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 69, активни 19
• Демир Хисар 53, активни 32
• Македонски Брод 65, активни 49
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 13, активни 8
• Валандово 8, активни 2
• Виница 46, активни 41
• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 258, активни 66
• Кичево 236, активни 124
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 125.128 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се петмина пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78. На кислородна поддршка се 41 пациент.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се четири лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во согласност со новите бројки, распоредот на активни случаи низ скопските општини е следен:
• Чаир – 143
• Аеродром – 122
• Бутел – 66
• Гази Баба – 121
• Центар – 88
• Карпош – 106
• Сарај – 35
• Кисела Вода – 82
• Ѓорче Петров – 70
• Студеничани – 32
• Шуто Оризари – 67
• Арачиново – 18
• Илинден – 14
• Петровец – 6
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково- 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

