Контакт

Македонија

Реконструкција на улицата Востаничка, ќе се додадат и приклучоци на водоводната мрежа

Објавено пред

Улицата Востаничка во општината Кисела Вода за околу два месеца ќе добие нов лик, најавуваат од Град Скопје.

Како што информираат од таму, од денеска се врши реконструкција на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.

Станува збор за делница долга 1.100 метри на која ќе се обноват коловозот и рабниците, а ќе се реконструираат и тротоарите со замена на бекатон-плочки, онаму каде што е неопходно.

„Улицата Востаничка е всушност продолжение на улиците Бихаќка и Црниче, кои беа предмет на реконструкција минатата година. Овде ќе решиме и еден горлив проблем што долги години ги мачи граѓаните од овој дел од градот, ќе изработиме нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да обезбедиме континуирано и квалитетно водоснабдување“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Вредноста на реконструкцијата на улицата Востаничка изнесува околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.

Шилегов додаде дека е во тек градежна офанзива за изградба и обнова на градските сообраќајници, за да се подобри квалитетот на урбаното живеење во Скопје.

Најново

Македонија22 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет29 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника30 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника53 минути

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...

Црна хроника2 часа

Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село...