Македонија
Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.
Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.
Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64 г, 66 г, 68 г, 79 г и 82 г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73 г), Струга (77 г) и Охрид (54 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47 г до 87 г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.
Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.
Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 111527, Активни 9167
Куманово 13947, Активни 662
Прилеп 12093, Активни 960
Тетово 11770, Активни 283
Битола 11312, Активни 1516
Гостивар 8372, Активни 237
Кавадарци 8050, Активни 426
Велес 7926, Активни 327
Охрид 7490, Активни 548
Штип 7139, Активни 259
Струмица 6727, Активни 345
Кичево 4634, Активни 245
Кочани 4342, Активни 178
Струга 4156, Активни 190
Гевгелија 3317, Активни 266
Неготино 2858, Активни 171
Свети Николе 2269, Активни 92
Ресен 2118, Активни 189
Крива Паланка 2097, Активни 112
Радовиш 2040, Активни 195
Делчево 1604, Активни 104
Берово 1562, Активни 74
Дебар 1479, Активни 16
Виница 1229, Активни 38
Пробиштип 1213, Активни 53
Валандово 1212, Активни 136
Кратово 831, Активни 41
Крушево 772, Активни 145
Богданци 763, Активни 59
Демир Хисар 715, Активни 60
Македонски Брод 599, Активни 43
Македонска Каменица 462, Активни 30
Демир Капија 456, Активни 18
Пехчево 387, Активни 22
Дојран 195, Активни 11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денес посвежо со пороен дожд и грмежи, од утре намалување на нестабилноста

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.
Македонија
Николоски: СДСМ го штити и брани однесувањето на Џафери за ДУИ да не им излезе од влада

Катастрофа, недостоинствено, срам и брука, тие се зборовите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање како го опишува однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери.
Николоски потенцираше дека СДСМ само за да не им излезе ДУИ од влада го бранат однесувањето на Талат Џафери.
Факт е дека СДСМ секое сабајле и секоја вечер се моли ДУИ да не им излезе од влада затоа што знаат дека единствен начин за да одложат за неколку месеци торнадо е да им остане ДУИ во влада и затоа се спремни да го бранат Талат Џафери до последно, рече Николоски.
За карактерот на Талат Џафери најдобро зборува начинот на кој што беше избран, на човек би требало да му е срам да е избран на таков начин не би требало да се нафати на функцијата, тој си ја води функцијата. Така што нема ни срам ни морал. А уште помал морал од него имаат овие од СДСМ кои што го штитат, изјави Николоски.
Македонија
СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска, велат од СДСМ попладнево преку соопштение.
„Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?
Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема“, се наведува во соопштението на СДСМ.