Македонија
Рекордни 364 случаи на Ковид-19 во земјава, починале тројца

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 184, Куманово – 13, Дебар – 1, Штип – 13, Прилеп – 12, Тетово – 19, Струга – 6, Велес – 4, Битола – 10, Охрид – 4, Кавадарци – 5, Гостивар – 4, Гевгелија – 5, Струмица – 21, Крива Паланка – 5, Радовиш-11, Кочани – 17, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 2, Делчево – 4, Свети Николе – 11, Кичево – 3, Неготино – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово – 12, Дебар – 2, Штип – 3, Прилеп – 16, Тетово – 6, Струга-3, Велес – 4, Битола – 4, Охрид – 4, Кавадарци – 1, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 4, Крива Паланка – 3, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Свети Николе – 2, Кичево – 1, Ресен-1.
Во болнички услови починати се 3 лица, од Охрид (73 г.), Гостивар (62 г.) и Радовиш (72 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7908, активни 1315
• Куманово 1836, активни 167
• Дебар 291, активни 34
• Штип 1319, активни 88
• Прилеп 754, активни 134
• Тетово 1536, активни 181
• Струга 700, активни 46
• Велес 352, активни 36
• Битола 354, активни 84
• Охрид 447, активни 35
• Кавадарци 260, активни 44
• Гостивар 963, активни 70
• Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 350, активни 203
• Крива Паланка 135, активни 40
• Радовиш 118, активни 45
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 466, активни 199
• Пробиштип 121, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 94, активни 1
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 132, активни 50
• Валандово 57, активни 42
• Виница 128, активни 38
• Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 391, активни 66
• Кичево 343, активни 31
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2140 теста се преку: ИЈЗ – 533, ЦЈЗ Скопје – 95, Авицена – 375, Биотек – 212, МАНУ – 159, Жан Митрев (Филип Втори) – 400, Систина со PCR метода – 184, лабораторија Лаор – 48, Судска медицина – 13, ЦЈЗ Битола – 55, Инфективна клиника – 23, ГАК-8, Синлаб – 35, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 201.512 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 72
• Гази Баба – 140
• Аеродром – 240
• Карпош – 214
• Центар – 241
• Кисела Вода – 138
• Ѓорче Петров – 104
• Бутел – 49
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 4
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 10
• Нераспределен-17
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.