Македонија
Ременски: Полицијата не постапува, јас и колегите не се чувствуваме безбедно
Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство по протестот пред нејзиниот дом бидејќи го поддржала законот за јазиците. Ременски тврди дека има сознанија и докази оти зад протестите стои општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а биле придружувани со вработени во јавни институции, како Управата за јавни приходи.
„Правото на протест е загарантирано за секого, но овде не стаува збор за протест бидјеќи не е најавен во надлежните институции. Ова предизвикува последици, кои, ако не се превенира, може да добијат други размери. Демократијата не значи загрозување на безбедноста на другите. Чувството на небезбедност е лично. Како што го чувствувам јас, го чувствуваат и моите колеги. Недоличните пароли оставаат простор за тоа“, вели Ременски.
Пратеничката ќе поднесе пријава за вршење насилство врз неа и нејзиното семејство. Ременски миленичето си го нарече свој полицаец и додаде дека вториот полицаец спиел до неа, односно тоа бил нејзиниот сопруг.
„Рекс и сопругот треба да ги преземаат активностите што треба да ги преземе полицијата. Тука не станува збор за приватно поведение, туку за обврска на институциите да ги штитат граѓаните на Македонија“, додава Ременски.
Фросина Ременски ја обвини полицијата дека не постапувала во согласност со заканите, односно тврди дека МВР не ги штити граѓаните. Според неа, ако демонстрантите продолжеле да протестираат, ќе се соочеле со други санкции според други закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

