Македонија
Ристески: 200 студенти на само ден пред почетокот на академската година без сместување во студентски
Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се повеќе млади се разочаруваат и својот спас го гледаат надвор од границите на Македонија, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, се уште се наоѓаат на фамозната листа на чекање, а притоа немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени. Над 200 млади студенти кои решиле да се посветат на градење сопствена иднина во Македонија, се оставени во неизвесност, несигурност и без гарантиран покрив над глава“, изјави Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Смета дека сето ова, е резултат на неспособните партиски кадри на социјалдемократската младина, „кои во моментот се кријат и не даваат никакви одговори во однос на овие прашања, бидејќи за нив студентите и младите се секогаш на последното место во приоритетите“.
Овие пропаднати и некадарни поединци, се уште не даваат никаков одговор околу тоа дали студентите, во 21 век и 2023 година, воопшто ќе имаат обезбеден доручек за кој самите плаќаат при престојот во студентските домови. Студентите од 2017 година па навака, сведочат на едно системско уништување и рушење на соништата на младите, на воспоставените пракси, и со тоа удираат врз она што е најважно за една држава – образованието и иднината. Од таа 2017 година, која наместо година на надеж како што тие ја претставуваа се претвори во кобна година за Македонија и македонскиот народ, студентските домови кои беа целосно реконструирани во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и за сите останати капитални проекти во државата, се оставени да скапуваат, а младите се упатени да преживуваат со 140 денари и супстандардни услови карактеристични за животот во минатиот век“, кажа Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

